Светска турнеја на UCI 2017
Светска турнеја на UCI 2017 — деветто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2017.[1] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 17 јануари, а завршило со Трката околу Гуангси на 24 октомври.[2] Словакот Петер Саган бил бранител на титулата.[3] Ова издание вклучувало десет нови настани.[2]
Деветто издание на Светска турнеја на UCI | |
Лого на Светската турнеја | |
Поединости | |
---|---|
Датуми | 17 јануари – 24 октомври |
Места | Австралија, Европа, Азија и Северна Америка |
Трки | 37 |
Прваци | |
Поединечен пласман | Грег ван Авермат (БЕЛ) (Ванти-Груп Гобер) |
Екипен пласман | Тим Скај |
← 2016 2018 → |
Саган не успеал да ја одбрани својата титула, победувајќи само една трка во генералниот пласман на Гран при Квебек во септември,[4] завршувајќи како четврти; завршил еден бод зад третопласираниот Том Димулен. Пласманот бил освоен по првпат од белгискиот возач Грег ван Авермат,[5] кој вози за Ванти-Груп Гобер, освојувајќи 3.582 бода во новосоздадениот бодовен систем низ сезоната. Ван Авермат го предводел пласманот во поголемиот дел од сезоната, освојуваќи четири трки; три од нив на домашен терен на Омлоп Хет Ниусблад,[6] Е3 Харелбеке,[7] и Гент-Вевелгем,[8] и една победа во Франција на Париз-Рубе.[9] Ван Авермат завршил 130 бода пред Британецот Крис Фрум од Тим Скај. Фрум освоил две од трите големи трки во 2017 година, освојувајќи го својот четврт Тур де Франс,[10] пред да ја освои својата прва Вуелта а Еспања, со што дошол до двоецот Тур-Вуелта, првпат некој во 39 години.[11] Успехот му дале бодови во Светската турнеја и му донеле водство неколку часа пред Ван Авермат кој со седмото место на Гран при Монтреал повторно го надминал.
Во екипниот поредок, Тим Скај преовладале со 12.806 бода,[12] каде покрај победите на Фрум учествувале и Михал Квјатковски (Страде Бјанке, Милано-Санремо и Класика де Сан Себастијан), Серхио Енао (Париз-Ница) и Елија Вивијани (Јуроајс Класик и Класик Бретања). Со 154 бода зад нив биле Квик-Степ Флорс,[12] кои освоиле 30 победи на трките (вклучувајќи 16 етапни победи на големите трки) во текот на сезоната, со победи на Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен) и Филип Жилбер (Трка околу Фландрија и Амстел Голд Рејс). Со 10.961 бод,[12] Ванти-Груп Гобер завршил на третото место главно поради успесите на Ван Авермат и победите на Ричи Порт (Тур Даун Андер и Тур де Романди) и Дилан Тенс на Трка околу Полска.
Екипи
уредиЕкипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2017 година се следниве:
Код | Официјално име | Земја | Делови | Велосипед |
---|---|---|---|---|
ALM | Аг2р-Ла Мондијал | Франција | Шимано | Фактор Бајкс |
AST | Астана | Казахстан | Шимано / ФСА | Аргон 18 |
BMT | Бахреин-Мерида | Бахреин | Шимано | Мерида |
BMC | Ванти-Груп Гобер | САД | Шимано | БМЦ |
BOH | Бора-Хансгрое | Германија | TBC | Спешалајзд |
CDT | Канондејл-Драпак | САД | Шимано | Канондејл |
DDD | Тим Дименжн Дата | ЈАР | Шимано / Ротор | Сервело |
QST | Квик-Степ Флорс | Белгија | Шимано / ФСА | Спешалајзд |
FDJ | ФДЖ | Франција | Шимано | Лапјер |
LTS | Лото-Судал | Белгија | Кампањоло | Ридли |
MOV | Мовистар Тим | Шпанија | Кампањоло | Кањон |
ORS | Орика-Скот | Австралија | Шимано | Скот |
SUN | Тим Санвеб | Германија | Шимано | Џајант |
UAD | ОАЕ Абу Даби | Обединети Арапски Емирати | Кампањоло | Колнаго |
KAT | Катјуша-Алпесин | Швајцарија | СРАМ | Кањон |
TLJ | Лото НЛ-Џамбо | Холандија | Шимано | Бјанки |
SKY | Тим Скај | Обединето Кралство | Шимано | Пинарело |
TFS | Трек-Сегафредо | САД | Шимано | Трек |
Настани
уредиСите настани од минатата сезона биле вклучени, иако некои настани биле закажани на различни датуми од претходните изданија. Десет нови настани биле додадени на календарот.[2][14] Единаесеттиот настан, Трка околу Катар 2017, првично биле додадени во календарот во октомври 2016 година, но биле откажани во декември 2016 година поради недостиг на спонзори.[15][16] Уште една нова трка за Светската турнеја 2017, Трката околу Турција била одложена од првично закажаниот датум 18-23 април, во февруари.[17] Во март, по состанок на професионалниот велосипедски совет на UCI, трката била презакажана за периодот 10-15 октомври.[17]
За сезоната 2017 бил воведен и нов бодовен пласман, заснован на бодовниот опсег за Светскиот пласман. Така, до 60 возачи — до 20 возачи на големите трки — ќе може да освојат бодови на сите трки.[18][19] Со новиот бодовен систем, пласманот по земји бил исто така отстранет.[19]
Како во 2016, екипниот хронометар на Светското друмско првенство, закажан за 17 септември, требало да носи бодови за екипниот пласман. Во август 2017 година, организацијата на професионалните велосипедисти се согласиле со UCI избегнувајќи бојкот на трката, дека немало да има бодови за Светската турнеја.[20]
Трка | Датум | Победник | Втор | Трет | Етапни бодови | Бодови за предводникот | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Тур Даун Андер | 17–22 јануари | Ричи Порт (АВС) | 500 бода | Естебан Чавес (КОЛ) | 400 бода | Џеј Мекарти (АВС) | 325 бода | 60, 25, 10 | 10 бода |
Голема океанска друмска трка | 29 јануари | Никијас Арнт (ГЕР) | 300 бода | Сајмон Геранс (АВС) | 250 бода | Камерон Мајер (АВС) | 0 бода[заб 1] | Н/П | |
Трка Абу Даби | 23–26 февруари | Руј Кошта (ПОР) | 300 бода | Илнур Закарин (РУС) | 250 бода | Том Димулен (ХОЛ) | 215 бода | 40, 15, 6 | 6 бода |
Омлоп Хет Ниусблад | 25 февруари | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 300 бода | Петер Саган (СВК) | 250 бода | Сеп Ванмарке (БЕЛ) | 215 бода | Н/П | |
Страде Бјанке | 4 март | Михал Квјатковски (ПОЛ) | 300 бода | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 250 бода | Тим Веленс (БЕЛ) | 215 бода | Н/П | |
Париз-Ница | 5–12 март | Серхио Енао (КОЛ) | 500 бода | Алберто Контадор (ШПА) | 400 бода | Даниел Мартин (ИРС) | 325 бода | 60, 25, 10 | 10 бода |
Тирено-Адријатико | 8–14 март | Наиро Кинтана (КОЛ) | 500 бода | Роан Денис (АВС) | 400 бода | Тибо Пино (ФРА) | 325 бода | 60, 25, 10 | 10 бода |
Милано-Санремо | 18 март | Михал Квјатковски (ПОЛ) | 500 бода | Петер Саган (СВК) | 400 бода | Жилијан Алафилип (ФРА) | 325 бода | Н/П | |
Волта а Каталуња | 20–26 март | Алехандро Валверде (ШПА) | 400 бода | Алберто Контадор (ШПА) | 320 бода | Марк Солер (ШПА) | 260 бода | 50, 20, 8 | 8 бода |
Дварс дор Вландерен | 22 март | Ив Ламперт (БЕЛ) | 300 бода | Филип Жилбер (БЕЛ) | 250 бода | Алексеј Луценко (КАЗ) | 215 бода | Н/П | |
Е3 Харелбеке | 24 март | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 400 бода | Филип Жилбер (БЕЛ) | 320 бода | Оливер Насен (БЕЛ) | 260 бода | Н/П | |
Гент-Вевелгем | 26 март | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 500 бода | Јенс Кекелејре (БЕЛ) | 400 бода | Петер Саган (СВК) | 325 бода | Н/П | |
Трка околу Фландрија | 2 април | Филип Жилбер (БЕЛ) | 500 бода | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 400 бода | Ники Терпстра (ХОЛ) | 325 бода | Н/П | |
Трка околу Баскија | 3–8 април | Алехандро Валверде (ШПА) | 400 бода | Алберто Контадор (ШПА) | 320 бода | Јон Изагире (ШПА) | 260 бода | 50, 20, 8 | 8 бода |
Париз-Рубе | 9 април | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 500 бода | Здењек Штибар (ЧЕШ) | 400 бода | Себастијан Лангевелд (ХОЛ) | 325 бода | Н/П | |
Амстел Голд Рејс | 16 април | Филип Жилбер (БЕЛ) | 500 бода | Михал Квјатковски (ПОЛ) | 400 бода | Михаел Албасини (ШВА) | 325 бода | Н/П | |
Флеш Валон | 19 април | Алехандро Валверде (ШПА) | 400 бода | Даниел Мартин (ИРС) | 320 бода | Дилан Тенс (БЕЛ) | 260 бода | Н/П | |
Лиеж-Бастон-Лиеж | 23 април | Алехандро Валверде (ШПА) | 500 бода | Даниел Мартин (ИРС) | 400 бода | Михал Квјатковски (ПОЛ) | 325 бода | Н/П | |
Тур де Романди | 25–30 април | Ричи Порт (АВС) | 500 бода | Сајмон Јејтс (ВБР) | 400 бода | Примож Роглич (СЛО) | 325 бода | 60, 25, 10 | 10 бода |
Трка околу Франкфурт | 1 мај | Александер Кристоф (НОР) | 300 бода | Рик Цабел (ГЕР) | 250 бода | Џон Дегенколб (ГЕР) | 215 бода | Н/П | |
Џиро д’Италија | 6–28 мај | Том Димулен (ХОЛ) | 850 бода | Наиро Кинтана (КОЛ) | 680 бода | Винченцо Нибали (ИТА) | 575 бода | 100, 40, 20, 12, 4 | 20 бода |
Трка околу Калифорнија | 14–21 мај | Џорџ Бенет (НЗЛ) | 300 бода | Рафал Мајка (ПОЛ) | 250 бода | Ендру Талански (САД) | 215 бода | 40, 15, 6 | 6 бода |
Критериум ди Дофине | 4–11 јуни | Јакоб Фуглсанг (ДАН) | 500 бода | Ричи Порт (АВС) | 400 бода | Даниел Мартин (ИРС) | 325 бода | 60, 25, 10 | 10 бода |
Тур де Свис | 10–18 јуни | Симон Шпилак (СЛО) | 500 бода | Дамијано Карузо (ИТА) | 400 бода | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | 325 бода | 60, 25, 10 | 10 бода |
Тур де Франс | 1–23 јули | Крис Фрум (ВБР) | 1000 бода | Ригоберто Уран (КОЛ) | 800 бода | Ромен Барде (ФРА) | 675 бода | 120, 50, 25, 15, 5 | 25 бода |
Класика де Сан Себастијан | 29 јули | Михал Квјатковски (ПОЛ) | 400 бода | Тони Галопен (ФРА) | 320 бода | Бауке Молема (ХОЛ) | 260 бода | Н/П | |
Трка околу Полска | 29 јули – 4 август | Дилан Тенс (БЕЛ) | 400 бода | Рафал Мајка (ПОЛ) | 320 бода | Ваут Пулс (ХОЛ) | 260 бода | 50, 20, 8 | 8 бода |
Класик Лондон-Сари | 30 јули | Александер Кристоф (НОР) | 300 бода | Магнус Корт (ДАН) | 250 бода | Мајкл Метјус (АВС) | 215 бода | Н/П | |
/ БинкБенк Тур | 7–13 август | Том Димулен (ХОЛ) | 400 бода | Тим Веленс (БЕЛ) | 320 бода | Јаспер Стејвен (БЕЛ) | 260 бода | 50, 20, 8 | 8 бода |
Вуелта а Еспања | 19 август – 10 септември | Крис Фрум (ВБР) | 850 бода | Винченцо Нибали (ИТА) | 680 бода | Илнур Закарин (РУС) | 575 бода | 100, 40, 20, 12, 4 | 20 бода |
Јуроајс Класик | 20 август | Елија Вивијани (ИТА) | 400 бода | Арно Демар (ФРА) | 320 бода | Дилан Груневеген (ХОЛ) | 260 бода | Н/П | |
Класик Бретања | 27 август | Елија Вивијани (ИТА) | 400 бода | Александер Кристоф (НОР) | 320 бода | Сони Колбрели (ИТА) | 260 бода | Н/П | |
ГП Квебек | 8 септември | Петер Саган (СВК) | 500 бода | Грег ван Авермат (БЕЛ) | 400 бода | Мајкл Метјус (АВС) | 325 бода | Н/П | |
ГП Монтреал | 10 септември | Диего Улиси (ИТА) | 500 бода | Хесус Ерада (ШПА) | 400 бода | Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) | 325 бода | Н/П | |
Џиро ди Ломбардија | 7 октомври | Винченцо Нибали (ИТА) | 500 бода | Жилијан Алафилип (ФРА) | 400 бода | Џани Москон (ИТА) | 325 бода | Н/П | |
Трка околу Турција | 10-15 октомври[17] | Диего Улиси (ИТА) | 300 бода | Јеспер Хансен (ДАН) | 250 бода | Фаусто Маснада (ИТА) | 0 бода[заб 2] | 40, 15, 6 | 6 бода |
Трка околу Гуангси | 19–24 октомври | Тим Веленс (БЕЛ) | 300 бода | Бауке Молема (ХОЛ) | 250 бода | Николас Роуш (ИРС) | 215 бода | 40, 15, 6 | 6 бода |
- Забелешки
- ↑ Бидејќи Мајер возел за националната екипа на Австралија, која не е дел од Светската турнеја, не можел да ги освои бодовите кон пласманите за Светската турнеја.
- ↑ Бидејќи Маснада возел за Андрони-Сидермек-Ботекија, која не е дел од Светската турнеја, не можел да ги освои бодови кон пласманите од Светската турнеја.
Бодовни пласмани
уредиПоединечен
уредиВозачите израмнети со ист број на бодови се подредувани по број на победи, потоа број на втори места, трети места, и натаму, на трките и етапите во Светската турнеја.[21]
- 436 возачи освоиле бодови. 200 други возачи завршиле на места кои би им донеле бодови, но биле членови на екипи надвор од Светската турнеја.
Екипен
уредиЕкипниот пласман се пресметува преку додавање на бодовите на сите возачи на екипата во табелата.[22]
Место | Екипа | Бодови |
---|---|---|
1 | Тим Скај | 12806 |
2 | Квик-Степ Флорс | 12652 |
3 | Ванти-Груп Гобер | 10961 |
4 | Тим Санвеб | 8033 |
5 | Трек-Сегафредо | 7934 |
6 | Мовистар Тим | 7399 |
7 | Орика-Скот | 7190 |
8 | Бора-Хансгрое | 6516 |
9 | Аг2р-Ла Мондијал | 6316 |
10 | Канондејл-Драпак | 6049 |
11 | Катјуша-Алпесин | 5619 |
12 | ОАЕ Тим Емирати | 5494 |
13 | Лото-Судал | 5466 |
14 | Бахреин-Мерида | 5277 |
15 | Астана | 5018 |
16 | Лото НЛ-Џамбо | 4846 |
17 | ФДЖ | 3616 |
18 | Тим Дименжн Дата | 2575 |
Напредок на водството
уредиНаводи
уреди- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Sagan, Movistar top final UCI WorldTour rankings“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Peter Sagan wins Grand Prix Cycliste de Quebec“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 8 септември 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Roche and Hermans lead BMC at inaugural Tour of Guangxi“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 16 октомври 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Вин, Најџел (25 февруари 2017). „Greg Van Avermaet pips Peter Sagan to Omloop Het Nieuwsblad victory“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Van Avermaet wins E3 Harelbeke“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 24 март 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Greg Van Avermaet wins Gent-Wevelgem“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 март 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 април 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Флечер, Пол (23 јули 2017). „Tour de France 2017: Chris Froome wins yellow jersey for the fourth time“. BBC Sport. BBC. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (10 септември 2017). „Chris Froome seals Vuelta a España title to win historic Vuelta-Tour double“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Флечер, Патрик (24 октомври 2017). „Van Avermaet and Van der Breggen crowned 2017 WorldTour champions“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 25 октомври 2017.
- ↑ „WorldTour team bike guide“. Архивирано од изворникот на 2016-11-28. Посетено на 1 декември 2016.
- ↑ „Tour of Guangxi added to 2017 WorldTour calendar“. Посетено на 1 декември 2016.
- ↑ „UCI statement on Tour of Qatar“. UCI. Посетено на 28 декември 2016.
- ↑ „Tour of Qatar and Ladies Tour of Qatar cancelled“. Cycling News. Посетено на 28 декември 2016.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 „UCI statement on the Presidential Cycling Tour of Turkey“. UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 15 февруари 2017. Посетено на 15 февруари 2017.
- ↑ „A single points scale for calculating the UCI World Ranking and UCI WorldTour rankings from 2017“. UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 декември 2016. Посетено на 28 декември 2016.
- ↑ 19,0 19,1 „Amendments to regulations as from 01.01.2017“ (PDF). UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 декември 2016. стр. 19–25. Посетено на 28 декември 2016.
- ↑ Браун, Грегор (18 август 2017). „UCI strikes deal with teams to prevent boycott of World Championship team time trial“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 24 август 2017.
- ↑ „Поединечен пласман во Светска турнеја на UCI - 2017“. Светска турнеја на UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 24 октомври 2017. Посетено на 24 октомври 2017.
- ↑ „Екипен пласман на Светската турнеја на UCI - 2017“. Светска турнеја на UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 24 октомври 2017. Посетено на 24 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Матична страница (англиски)