Тим Веленс

белгиски велосипедист

Тим Веленс (холандски: Tim Wellens; р. 10 мај 1991) — белгиски професионален друмски велосипедист и поранешен планински велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал.[1]

Тим Веленс
Веленс на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеТим Веленс
Роден10 мај 1991 (1991-05-10) (29 г.)
Синт Трејден,  Белгија
Висина1,83 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Судал
ДисциплинаДрумски
Планински велосипедизам (порано)
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2009
2010–2012
Авија Сајклинг Тим
Даво Лото Давитамон
Професионални клубови
2012– Лото-Белисол
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2016, 2018)

Етапни трки

Енеко Тур (2014, 2015)
Трка околу Полска (2016)
Трка околу Гуангси (2017)
Вуелта а Андалусија (2018)
Тур де Валони (2018)

Еднодневни трки и класици

Гран при Монтреал (2015)
Брабантсе Пејл (2018)
Последна промена
2 мај 2020

КариераУреди

 
Веленс (во средина) во текот на последната етапа на Тур Даун Андер 2013

Веленс се натпреварува како професионалец од средината на сезоната 2012,[2] придружувајќи ѝ се на екипата Лото-Белисол по три сезони со нивната развојна екипа.

2012Уреди

Веленс го направил неговото деби со екипата на ГП Хосе Дибоа, каде завршил осми; подоцна се појавил на прва трка од Светската турнеја, преку настап на канадските трки во Квебек и Монтреал обидувајќи се да отиде во бегство на секоја од овие трки.[3][4] Веленс се покажал добро во последната трка од сезоната Трка околу Пекинг, завршувајќи на сите етапи во првите 25 - заземајќи го петтото место на последната етапа – и стигнувајќи до десеттото место во генералниот пласман,[5][6] и втор зад возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Рафал Мајка во пласманот за млад возач.[7]

2014Уреди

Во август 2014 година, Велес го освоил генералниот пласман и шестата етапа на трката Енеко Тур. Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[8]

2015Уреди

На шестата етапа на Енеко Тур 2015, Веленс нападнал при што добил девет секунди во спринтот на златниот километар. Главната група не успеала да го достигне Веленс и го зголемил водството; ја освоил етапата со 49 секунди предност пред Ван Авермет, додека Гешке завршил трет. Веленс се искачил во генералниот пласман, на 1 минута и 3 секунди пред Ван Авермет.[9] Веленс го одбранил водството на последната етапа и ја освоил трката втора година по ред.

2016Уреди

На Џиро д’Италија 2016, Веленс ја освоил шестата етапа по приклучувањето на успешното бегство на етапата.

Во јули 2016 година, Веленс ја освоил петтата етапа на Трка околу Полска 2016 со соло-бегство на дождлива етапа на која 85 возачи се откажале.[10] Тоа му дало предност од над 4 минути во генералниот пласман, кое успеал да го одбрани до крајот на трката.

2017Уреди

Веленс ја напуштил петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017 поради жештина и алергија од полен, која одбивал да ја лечи со ТУЕ.[11] И покрај тоа што има астма Веленс одбива да користи инхалатор, поради што го критикувал Крис Фрум во неговиот случај за салбутамол.

2018Уреди

Веленс ја остварил својата прва победа во 2018 година на Трофео Сера де Трамунтана, што го освоил втора година по ред.[12]

На Рута дел Сол 2018, Веленс ја освоил четвртата етапа и го преземал водството во генералниот пласман победувајќи го Микел Ланда на калдрмисаното искачување.[13]

ДостигнувањаУреди

2007
3. Национално крос-кантри првенство
2008
1.   Национално јуниорско крос-кантри првенство
2009
1. Класик де Алпес
2. Краен пласман Кроз Истру
1. Етапа 1
3. Краен пласман Џорни Оробика
3. Покраинско првенство Лимбург
5. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
1. Етапа 4
2010
1. Ла Роуш
4. Меморијал Жилбер Рошефор
7. Краен пласман Тур де По де Савоја
2011
2. Зудкемпенс Пејл
2. Ла Роуш
3. Челинџ де Хесбаје
5. Краен пласман Тур де По де Савоја
2012
1. Борло Хроно
2. Краен пласман Тоскана-Копа деле Национи
2. Краен пласман Вуелта а Навара
3. Покраинско првенство Лимбург
4. Сиркут де Валони
8. Краен пласман Сиркут де Ардени
8. ГП Хосе Дибоа
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Краен пласман Трка околу Пекинг
2013
8. Краен пласман Тур де Валони
2014
1.   Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 6
2. Краен пласман Стер Електротур
2. Национално хронометарско првенство
4. Џиро ди Ломбардија
6. ГП Западна Франција
2015
1.   Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 6
1. ГП Монтреал
2. Трофео Сера де Трамунтана
10. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
10. Краен пласман Париз-Ница
2016
1.   Краен пласман Трка околу Полска
1.   Планински пласман
1.   Пласман на средни спринтови
1. Етапа 5
1. Етапа 7 Париз-Ница
1. Етапа 6 Џиро д’Италија
2. Национално друмско првенство
10. Трофео Сера де Трамунтана
10. Амстел Голд Рејс
2017
1.   Краен пласман Трка околу Гуангси
1. Етапа 4
1. Гран при де Валони
1. Трофео Сера де Трамунтана
1. Трофео Поленка-Порт де Андрат
1. Етапа 5 Вуелта а Андалусија
2. Краен пласман БинкБенк Тур
1. Етапа 6
3. Страде Бјанке
4. Брабантсе Пејл
5. ГП Квебек
2018
1.   Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 2
1.   Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 4
1. Брабантсе Пејл
1. Трофео Сера де Трамунтана
1. Етапа 4 Џиро д’Италија
3. Краен пласман БинкБенк Тур
3. Класик Бретања
5. Краен пласман Париз-Ница
1.   Бодовен пласман
5. Џиро ди Ломбардија
6. Амстел Голд Рејс
7. Флеш Валон
7. Трофео Љосета-Андрат
2019
1. Трофео Сера де Трамунтана
2. Трофео Андрат-Љосета
3. Краен пласман БинкБенк Тур
1. Етапа 4
3. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3 (ITT)
3. Омлоп Хет Ниусблад
3. Брабантсе Пејл
4. ГП Монтреал
5. Тофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
8. Класик Бретања
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3 (ITT)
9. ГП Квебек
10. Страде Бјанке
10. Тре Вали Варезине
  Награда за борбеност на етапите 3 и 6 на Тур де Франс
2020
5. Краен пласман Волта ао Алгарве

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 54 96 СО
  Тур 129 СО 94
  Вуелта не настапил во кариерата

Распоред на резултатите на класициУреди

Монумент 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо 15 18
Трка околу Фландрија 34
Париз-Рубе не настапил во кариерата
Лиеж-Бастоњ-Лиеж СО 43 93 48 35 16 11
Џиро ди Ломбардија 50 4 71 СО 20 5 29
Класици 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Омлоп Хет Ниусблад 69 3
Страде Бјанке 3 10
Брабантсе Пејл 19 38 4 1 3
Амстел Голд Рејс 68 19 10 42 6 СО
Флеш Валон 139 61 31 65 18 7 17
Класика де Сан Себастијан 102 44 31 13 СО СО СО
Класик Бретања 115 6 110 96 83 3 8
Гран при Квебек СО 51 108 120 14 5 28 9
Гран при Монтреал 34 20 24 1 43 12 21 4

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. "Steff Cras and Matthew Holmes complete Lotto Soudal's 2020 roster". Cyclingnews.com. Future plc. 27 октомври 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. "Деби на Тим Веленс". Лото-Белисол. Belgian Cycling Company. 14 јули 2012. Посетено на 13 октомври 2012.
  3. Аткинс, Бен (7 септември 2012). "Сајмон Геранс од бегство до спринтерска победа на ГП Квебек". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 октомври 2012.
  4. Мур, Кајл (9 септември 2012). "Lars Petter Nordhaug nails career best win in GP Cycliste de Montréal". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 октомври 2012.
  5. Стоукс, Шејн (13 октомври 2012). "Cummings beats Hesjedal to scoop final stage of Tour of Beijing, Martin wins overall". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 октомври 2012.
  6. Рајан, Бери (13 октомври 2012). "Тони Мартин победи на вторпат последователно на Трката околу Пекинг". Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 октомври 2012.
  7. "Одлично Тим Веленс!". Лото-Белисол. Belgian Cycling Company. 13 октомври 2012. Посетено на 13 октомври 2012.
  8. "Стартна список на Тур де Франс 2015". Velo News. Посетено на 2 јули 2015.
  9. "Wellens wins in Houffalize". Cyclingnews.com. 15 август 2015. Посетено на 20 август 2015.
  10. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-pologne-2016/stage-5/results/
  11. http://www.cyclingnews.com/news/wellens-questions-use-of-salbutamol-inhalers-in-cycling/
  12. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/tim-wellens-wins-trofeo-serra-de-tramuntana-for-second-year-running-367223
  13. http://www.cyclingweekly.com/news/latest-news/tim-wellens-wins-stage-four-ruta-del-sol-369628

Надворешни врскиУреди