Милано-Санремо 2021
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 112. Милано-Санремо | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2021 1.UWT | ||
Датум | 20 март 2021 | ||
Растојание | 299,05 км | ||
Држава | Италија | ||
Поаѓалиште | Милано | ||
Одредиште | Санремо | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 172 | ||
Возачи на крај | 169 | ||
Просечна брзина | 45,071 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) | ||
Второпласиран | Кејлеб Јуан (Лото-Судал) | ||
Третопласиран | Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма) | ||
◀2020 | 2022▶ | ||
Документација |
Милано-Санремо 2021 (позната како Милано-Санремо претставена од EOLO поради спонзорство[1]) — 112. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 20 март во северниот дел на Италија.[2] Првично требало да биде осми настан во Светската турнеја, но сепак бил шести настан по откажување на Тур Даун Андер и Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“.[3]
Откако пандемијата на КОВИД-19 присилила неколку измени на изданието во 2020,[4] трката се вратила на вообичаениот распоред во средината на март и на својата традиционална рута. Трката долга 299 километри започнала во северозападна Италија од главниот град на Ломбардија, Милано. Патеката имала неколку качувања, последното на Поџо ди Санремо на завршните 10 километри, пред рамната завршница на Виа Рома во Санремо на средоземниот брег во Лигурија.[5][6]
Како главната група се приближувала на врвот на Поџо, неколку напади предизвикале да се создаде избрана група во која биле многу од фаворитите пред трката, вклучувајќи ги главните тројца, бранителот на титулата Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма), победникот од 2019 година Жилијан Алафилип (Декојнинк-Квик Степ) и Матје ван дер Пул (Алпесин-Феникс). Во завршните три километри, Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) отпочнал напад на почетокот на спустот на Поџо и се одржал пред остатокот на фаворитите за негова прва победа на монумент и станал втор последователен белгиски победник на трката. Кејлеб Јуан (Лото-Судал) го освоил масовниот спринт за второто место пред Ван Ерт на третото место.[7]
Екипи
уредиБидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Шест професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи. [9] Секоја од екипите настапила со седум возачи, со што имало 175 возачи на почетокот, од кои 169 завршиле.[10][11]
Екипи од Светската турнеја на UCI (19)
| |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Список на учесници
уредиНаводи
уреди- ↑ „Jasper Stuyven ha vinto la 112a Milano-Sanremo presented by EOLO“ [Jasper Stuyven won the 112th Milano-Sanremo presented by EOLO]. Милано-Санремо (италијански). RCS Sport. 20 March 2021. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ „112th Milano–Sanremo: La Classicissima returns for Primavera“. 2021 Milan–San Remo. RCS Sport. 18 February 2021. Посетено на 3 March 2021.
- ↑ „2021 Tour Down Under cancelled due to COVID-19 pandemic“. CyclingNews. Future plc. 1 November 2020. Посетено на 18 July 2021.
- ↑ Farrand, Stephen (28 July 2020). „Milan-San Remo forced to find new inland route after coastal towns refuse race“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ Ryan, Barry (17 March 2021). „Milan-San Remo 2021 - Preview“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ de Neef, Matt (18 March 2021). „Preview: Your guide to the 2021 Milan-San Remo“. CyclingTips. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ „Stuyven surges on run-in to win Milan-San Remo“. CyclingNews. Future plc. 20 March 2021. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Wild Cards“. 2021 Milan–San Remo. RCS Sport. 10 February 2021. Архивирано од изворникот на 2 March 2021. Посетено на 3 March 2021.
- ↑ „The 112th Milano-Sanremo: provisional entry list announced“. 2021 Milan–San Remo. RCS Sport. 17 March 2021. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ „Milano–San Remo 2021 Startlist“. 2021 Milan–San Remo. Tissot Timing. 20 March 2021. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ „Милано-Санремо 2021“. ProCycling.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCN
.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Милано-Санремо 2021“. ProCycling.