Михал Квјатковски

полски велосипедист

Михал Квјатковски (полски: Michał Kwiatkowski; р. 2 јуни 1990) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Михал Квјатковски
Квјатковски на Гран при де Фурмје 2015
Лични податоци
Цело имеМихал Квјатковски
ПрекарЦвеќар, Квјатек,[1] Квјато
Роден2 јуни 1990(1990-06-02)(33 г.)
Ѓалињ,  Полска
Висина1,76 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри и класици
Професионални клубови
2009
2010
2011
2012–2015
2016-
МГ Квис-Норда Пацифик
Каха Рурал-Сегурос РГА
Тим РадиоШек
Омега Парма-Квик Степ
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 етапа ТТТ (2016)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2018)
Трка околу Полска (2018)
Волта ао Алгарве (2014, 2018)

Еднодневни трки и класици

Светски друмски првак (2014)
Светско првенство во екипен хронометар (2013)
Национален друмски првак (2013, 2018)
Национален хронометарски првак (2014, 2017)
Милано-Санремо (2017)
Амстел Голд Рејс (2015, 2022)
Е3 Харелбеке (2016)
Класика де Сан Себастијан (2017)
Страде Бјанке (2014, 2017)
Последна промена
10 април 2022

Квјатковски е сметан за силен универзален возач, со добри вештини за спринтање, искачување и хронометарски вештини, што му дозволува да освојува етапни трки и класични еднодневни трки. Неговиот талент рано се покажал во кариерата, освојувајќи го Светското јуниорско хронометарско првенство во 2008 година. Во 2014 година, Квјатковски станал светски друмски првак и бил член на екипата Омега Парма-Квик Степ, со која го освоил Светското првенство во екипен хронометар 2013. Во 2017 година, го освоил својот прв монумент, Милано-Санремо 2017.

Кариера уреди

Рана кариера уреди

Квјатковски е двоен европски првак (друмска трка 2007, хронометар 2008). Во 2009 станал национален друмски првак во категоријата под 23 години. Исто така освоил етапа на Трката околу Словачка. Станал професионалец во 2010 со Каха Рурал-Сегурос РГА, а во 2011 му се приклучил на Тим РадиоШек и се пласирал на третото место во генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија, Три дена Де Пане и Тур ду Поату-Шарент.

Омега Парма-Квик Степ (2012-2015) уреди

2012 уреди

Квјатковски се преселил во Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[3] Постигнал голем успех со екипата, победувајќи на прологот на Три дена Западна Фландрија. Исто така завршил втор во генералниот пласман на домашната трка Трката околу Полска и осми во генералниот пласман на Енеко Тур.

2013 уреди

 
Квјатковски во белата маичка на Тур де Франс 2013

Квјатковски ја започнал сезоната 2013 во одлична форма, завршувајќи седми на Волта ао Алгарве. Потоа завршил четврти во генералниот пласман на Тирено-Адријатико каде го освоил пласманот за млад возач, откако се покажал како еден од најсилните искачувачи на трката. Завршил на четвртото место на врвот Прати ди Тиво, кога го преземал водството на трката од колегата Марк Кевендиш, пред да го изгуби наредниот ден. Потоа, Квјатковски возел на класиците, завршувајќи четврти на Амстел Голд Рејс и петти на Флеш Валон. Во јуни, го освоил националното друмско првенство по првпат.

Одличната форма на Квјатковски му го донело местото во екипата на Тур де Франс. Ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во првата недела откако завршил трет на втората етапа и четврти на третата етапа, обете редуцирани масовни спринтови. На седмата етапа повторно завршил на четвртото место. На деветтата етапа (планинска етапа) повторно стигнал до подиумот. Со силниот поединечен хронометар успеал да ја поврати белата маичка на единаесеттата етапа, но го загубил водството кратко потоа од Матео Трентин.[4] Иако ја изгубил белата маичка, сепак успеал да заврши на 11. место на неговиот прв настап на Тур. Подоцна во сезоната бил првиот полски велосипедист, кој освоил медал на Светските друмски првенства, кога го освоил екипниот хронометар со неговата екипа Омега Парма-Квик Степ.

2014 уреди

Во 2014 година, Квјатковски победил на италијанскио класик Страде Бјанке. Го следел силниот напад на Петер Саган на 20 километри пред крајот и двоецот соработувал добро додека Квјатковски не го претекнал Саган на последното искачување до Сиена.[5] Го освоил третото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, како и на Флеш Валон, а на Амстел Голд Рејс завршил на петтото место.

Во септември, ја презел водечката маичка на Трката околу Британија по победата на четвртата етапа преку спринт на шесторица возачи.[6] На крајот, завршил втор во генералниот пласман и го освоил бодовниот пласман.[7]

 
Квјатковски на подиумот по победата на Светското друмско првенство

Подоцна истиот месец, станал првиот полски велосипедист кој победил на Светското друмско првенство. Квјатковски имал соло напад на седум километри пред целта при спуст. И покрај доцниот напад, успеал да го одржи водството и да помине сам низ целта, освојувајќи ја виножито маичката.[8] По трката, Квјатковски го објавил своето возење на Страва (спортска апликација), што помогнало да се одреди неговата статистика за трката. Се искачил 5.106 метри и изгубил 6.338 килокалории во текот на трката со време од 6:29:45,[9] произведувајќи просечна сила од 240 вати со просечни срцеви отчукувања од 148 во минута.[10] Прва трка на која возел со виножито маичката била Џиро ди Ломбардија и завршил на 77. место.[11]

2015 уреди

 
Квјатковски ја носел маичката виножито на Тур де Франс 2015

Пред да стане светски првак, Квјатковски најавувал дека почетокот на 2015 година ќе му биде помалку агресивна отколку 2014 и дека ќе започне со поголемите трки подоцна.[12] Ги искористил Волта ао Алгарве и Париз-Ница како подготовка за класичните трки, каде завршил втор на две трки. Во април, Квјатковски ја освоил престижната победа на Амстел Голд Рејс. По последното искачување на Кауберг, забрзал да ја достигне малата група предводена од Филип Жилбер. Пред целта се создала група од петнаесет возачи и Квјатковски успеал да победи во спринтот и да стигне до победата.[13]

Го напуштил Тур де Франс 2015 на седумнаесеттата етапа.[14]

Тим Скај (2016-) уреди

2016 уреди

На 27 септември 2015 година, Тим Скај го објавиле потпишувањето со Квјатковски за сезоната 2016.[2]

На 25 март 2016 година, Квјатковски го освоил својот прв калдрмисан класик, Е3 Харелбеке, со претекнување на Петер Саган откако двоецот се одвоил од групата на 30 километри пред целта.[15]

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[16] но се откажал на седмата етапа.[17]

2017 уреди

 
Михал Квјатковски победил на Милано-Санремо 2017 со тесна разлика од Петер Саган и Жилијан Алафилип.

На 4 март 2017 година, Квјатковски победил на Страде Бјанке по нападот од група на четворица фаворити на трката на околу 15 километри пред целта и успеал сам да се одвоил за победа на трката во Сиена. Со тоа, станал втор возач, по Фабијан Канчелара, кој освоил повеќе изданија на трката.[18]

Подоцна во месецот, Квјатковски го освоил Милано-Санремо 2017 во трочлен спринт пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип, откако тројцата се одвоиле на завршното искачување на трката – Поџо ди Санремо.[19] Ова му било прва победа на некој од монументите.

На 16 април, Квјатковски го освоил второто место на Амстел Голд Рејс, откако бил поразен од Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс) во меѓусебната спринтерска завршница.[20]

 
Квјатковски на Тур де Франс 2018.

Бил избран во составот на Скај за Тур де Франс, благодарение на неодамнешните успеси, исполнувајќи ја целта да вози на Тур со предводникот на екипата Крис Фрум. Завршил осми на воведната етапа во Диселдорф, како и втор на завршниот хронометар во Марсеј. Меѓутоа, имал несебична поддршка на Фрум, поради што бил наречен и супер-помошник, особено на четиринаесеттата етапа и на петнаесеттата етапа, кога го поклонил своето задно тркало на Фрум, кога тој имал механички проблем.

На 29 јули ја освоил трката Класика де Сан Себастијан претекнувајќи ги Тони Галопен и Бауке Молема. Една недела подоцна потпишал тригодишно продолжување на својот договор со Тим Скај.[21]

2018 уреди

На Волта ао Алгарве 2018 во февруари, Квјатковски, додека бил на второто место зад колегата Герајнт Томас, се нашол во бегство од 31 член кое се одвоило на почетокот на завршната етапа. Квјатковски ја освоил етапата и со тоа и трката за 1 минута и 31 секунда пред Томас.[22]

Во март, Квјатковски повторно ја презел водечката маичка од Томас на Тирено-Адријатико, кога Томас имал механички проблем на 1,5 километри од врвот на последното искачување на четвртата етапа, што му донело да изгуби 34 секунди и водечката сина маичка.[23] Квјатковски ја освоил трката на крајот.[24]

Во јули, Квјатковски повторно одиграл поддржувачка улога за Тим Скај на Тур де Франс 2018, помагајќи му на Томас да ја освои трката, а Крис Фрум да заврши трет.[25] Една недела по Тур де Франс, на почетокот на август, Квјатковски возел на домашната трка, Трка околу Полска. Ја освоил четвртата етапа и успешно го одбранил водството на следните етапи, со што ја освоил трката на крајот.[26]

Достигнувања уреди

2007
1.   Европско јуниорско друмско првенство
2. Европско јуниорско хронометарско првенство
2008
1.   Европско јуниорско хронометарско првенство
1.   Светско јуниорско хронометарско првенство
3. Европско јуниорско велодромско првенство — Бодовна трка
2009
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 2 Трка околу Словачка
4. Меморијал Хенрика Ласака
4. Гран Премио дела Либерационе
7. Џиро дел Мендрисиото
10. Пухар Уздровиск Карпацкич
2010
4. Краен пласман Шлаким Гродов
7. Краен пласман Волта ао Алентежо
2011
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
3. Краен пласман Три дена Де Пане
3. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
6. Гран при де Валони
2012
1. Пролог Три дена Западна Фландрија
2. Краен пласман Трка околу Полска
8. Краен пласман Енеко Тур
2013
1.   Светско првенство во екипен хронометар
1.   Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
1.   Пласман за млад возач
4. Амстел Голд Рејс
5. Флеш Валон
5. Гран при де Валони
2014
1.   Светско друмско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 2
1. Етапа 3 (ITT)
1. Трофео Сера де Трамунтана
1. Страде Бјанке
1. Пролог (ITT) Тур де Романди
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1.   Бодовен пласман
2. Краен пласман Трка околу Британија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4
3.   Светско првенство во екипен хронометар
3. Флеш Валон
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Амстел Голд Рејс
7. Трофео Сес Салинес
2015
1. Амстел Голд Рејс
2.   Светко првенство во екипен хронометар
2. Краен пласман Париз-Ница
1.   Пласман за млад возач
1. Пролог (ITT)
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Дварс дор Вландерен
8. Светско друмско првенство
8. Краен пласман Трка околу Баскија
Тур де Франс
  Награда за борбеност на етапите 2 и 12
2016
1. Е3 Харелбеке
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Трофео Поленка-Порт де Андрат
2. Трофео Сера де Трамунтана
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
2017
1.   Национално друмско првенство
1. Милано-Санремо
1. Класика де Сан Себастијан
1. Страде Бјанке
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2. Амстел Голд Рејс
3.   Светско првенство во екипен хронометар
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Краен пласман Трка околу Британија
6. Светска турнеја
7. Флеш Валон
2018
Национални првенства
1.   Друмска трка
3. Хронометар
1.   Краен пласман Тирено-Адријатико
1.   Краен пласман Трка околу Полска
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1.   Краен пласман Волта ао Алгарве
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 5
Критериум ди Дофине
1. Пролог
1. Етапа 3 (ТТТ)
4. Светско хронометарско првенство
  Награда за борбеност на етапа 14 на Вуелта а Еспања
2019
3. Краен пласман Париз-Ница
1.   Бодовен пласман
3. Милано-Санремо
10. Краен пласман Трка ОАЕ
2022
1. Амстел Голд Рејс

Распоред на резултатите уреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 136
  Тур 11 28 СО 57 49
  Вуелта СО 43
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 2 3
  Тирено-Адријатико 4 18 8 27 1
  Волта а Каталуња
  Трка околу Баскија 2 8 30 СО
  Тур де Романди СО СО
  Критериум ди Дофине СО СО СО 43 49
  Тур де Свис 71

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците уреди

Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо СО СО 67 40 1 11 3
Трка околу Фландрија 40 27 28
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж СО 92 3 21 36 3 29
Џиро ди Ломбардија СО СО 77 54
Распоред на резултатите на класиците
Класична трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Страде Бјанке 1 20 1 30
Дварс дор Вландерен 4
Е3 Харелбеке 82 1
Гент-Вевелгем 75
Амстел Голд Рејс СО 4 5 1 СО 2 31
Флеш Валон СО 5 3 33 7 57
Класика де Сан Себастијан 107 1

СО = се откажал; — = не настапил

Распоред на првенствата уреди

Настан 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Олимписки игри Хронометар не се одржал не се одржал 14 не се одржал
Друмска трка 60 62
  Светски првенства Хронометар 48 24 4
Друмска трка 31 СО 1 8 11
  Национални првенства Хронометар 21 2 2 1 1 3
Друмска трка 16 1 21 57 25 1

Награди уреди

  • Меѓународна фландриска награда: 2014[27]
  • Крст на заслуги: 2014[28]

Наводи уреди

  1. „Михал Квјатковски“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Архивирано од изворникот на 2014-10-14. Посетено на 10 јули 2013.
  2. 2,0 2,1 „Michal Kwiatkowski signs for Team Sky from Etixx - Quick-Step“. Sky Sports. Sky UK. 27 септември 2015. Посетено на 11 декември 2016.
  3. „Омега Парма-Квик-Степ Сајклинг Тим (OPQ) - БЕЛ“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 3 јануари 2014.
  4. Питер Косинс (13 јули 2013). „Трентин триумфираше на етапата 14 на Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 октомври 2013.
  5. „Михал Квјатковски го зема Страде Бјанке од Петер Саган“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-22. Посетено на 31 август 2014.
  6. Бери Рајан (10 септември 2014). „Квјатковски ја освои четвртата етапа на Трката околу Британија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 септември 2014.
  7. „Кител ја освои последната етапа на Трката околу Британија“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 28 септември 2014.
  8. „Светски првенства: Михал Квјатковски го освоил златото на друмската трка“. Cyclingnews.com. Future plc. 28 септември 2014. Посетено на 28 септември 2014.
  9. „Worlds shorts: Kwiatkowski's ride on Strava, Cancellara, and Lefevere“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 септември 2014. Посетено на 29 септември 2014.
  10. „Power meter analysis: Kwiatkowski's World Champs win“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. 6 октомври 2014. Посетено на 6 октомври 2014.
  11. „Резултати: Џиро ди Ломбардија 2014“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 5 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-11-08. Посетено на 6 октомври 2014.
  12. „Квјатковски гледа на Тур де Франс“. Cyclingquotes. 10 јануари 2015.
  13. „Квјатковски спринташе за прва победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-20. Посетено на 19 април 2015.
  14. Кларк, Стјуарт (23 јули 2015). „„Беше тешко да го напуштиш Тур де Франс во боите на виножитото", вели Квјатковски“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 24 јули 2015.
  15. http://www.cyclingnews.com/races/e3-harelbeke-2016/results/
  16. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  17. „71st Vuelta a España: Stage 7 » Maceda › Puebla de Sanabria“. ProCyclingStats. Посетено на 26 август 2016.
  18. „Kwiatkowski gives Sky Strade Bianche tonic“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 4 март 2017. Посетено на 4 март 2017.
  19. Робертшо, Хенри (18 март 2017). „Brilliant Michal Kwiatkowski edges out Peter Sagan to win Milan-San Remo 2017“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 18 март 2017.
  20. Виндзор, Ричард (16 април 2017). „Philippe Gilbert beats Michal Kwiatkowski to victory at Amstel Gold Race“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 16 април 2017.
  21. http://www.cyclingnews.com/news/kwiatkowski-agrees-new-three-year-deal-with-team-sky/
  22. „Geraint Thomas downed by friendly fire at Volta ao Algarve“. Посетено на 29 јули 2018.
  23. 'It's frustrating': Geraint Thomas on losing Tirreno-Adriatico lead due to jammed chain“. 10 март 2018. Посетено на 29 јули 2018.
  24. „Geraint Thomas reflects on 'bittersweet' Tirreno-Adriatico podium spot“. 13 март 2018. Посетено на 29 јули 2018.
  25. http://www.cyclingnews.com/news/local-star-kwiatkowski-in-the-limelight-at-tour-de-pologne/
  26. „Kwiatkowski savours Tour de Pologne victory after courageous final defence“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 13 август 2018.
  27. „Квјатковски ја освои меѓународната фландриска награда 2014“. Судал Квик-Степ. Судал Квик-Степ. 16 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-16. Посетено на 16 октомври 2014.
  28. „To podziękowanie nie tylko od prezydenta, ale od całej Polski“. 20 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 20 октомври 2014.

Надворешни врски уреди