Трка околу Фландрија 2019

103. издание на велосипедската трка
Трка околу Фландрија 2019 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание103. Трка околу Фландрија
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2019 1.UWT
Датум7 април 2019
Растојание270,1 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеАнтверпен
ОдредиштеАуденарде
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај125
Просечна брзина42,78 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникITA Алберто Бетиол (ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранDEN Каспер Асгрен (Декојнинк-Квик Степ) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранNOR Александер Кристоф (ОАЕ Емирати) Wikidata-logo S.svg
◀ 20182020
Документација Wikidata-logo S.svg

Трка околу Фландрија 2019 — 103. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 7 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката била освоена од италијанскиот велосипедист Алберто Бетиол (ЕФ Едукејшн Фирст).[2]

Трката започнала во Антверпен и завршила во Ауденарде, поминувајќи 267 километри. Вклучувала 17 категоризирани искачувања и пет рамни сектори со калдрма.[3]

Холандскиот возач Ники Терпстра го освоил изданието во 2018 година.[4] За жал, Терпстра паднал во 2019 година на почетокот на трката. Бил во несвест повеќе од една минута, поради што морал да биде пренесен во болница и да ја напушти трката.

ЕкипиУреди

Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[6]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1.   АГ2Р Ла Мондијал
  2.   Астана
  3.   Бахреин-Мерида
  4.   Бора-Хансгрое
  5.   ССС Тим
  6.   Декојнинк-Квик Степ
  7.   Дименжн Дата
  8.   ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг
  9.   Групама-ФДЖ
  10.   Џамбо-Висма
  11.   Лото-Судал
  12.   Мичелтон-Скот
  13.   Мовистар
  14.   Катјуша-Алпесин
  15.   Инеос
  16.   Санвеб
  17.   Трек-Сегафредо
  18.   ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (7)
  1.   Директ Енержи
  2.   Кофидис
  3.   Корендон-Циркус
  4.   Ванти-Груп Гобер
  5.   Ромпот-Шарл
  6.   Витал Консепт-Б&Б Хотелс
  7.   Спорт Вландерен-Балоас

ПоредокУреди

Завршен пласманУреди

[7]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Алберто Бетиол ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг6ч 18' 49
2.   Каспер Асгрен Декојнинк-Квик Степ+ 14
3.   Александер Кристоф ОАЕ Емирати+ 17
4.   Матје ван дер Пул Корендон-Циркус+ 17
5.   Нилс Полит Катјуша-Алпесин+ 17
6.   Мајкл Метјус Санвеб+ 17
7.   Оливер Насен АГ2Р Ла Мондијал+ 17
8.   Алехандро Валверде Мовистар+ 17
9.   Тиш Бенот Лото-Судал+ 17
10.   Грег ван Авермет ССС+ 17
11.   Петер Саган Бора-Хансгрое+ 17
12.   Јенс Кекелејре Лото-Судал+ 17
13.   Дрис ван Гестел Спорт Вландерен-Балоас+ 17
14.   Ваут ван Ерт Џамбо-Висма+ 17
15.   Себастијан Лангевелд ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг+ 17
16.   Боб Јунгелс Декојнинк-Квик Степ+ 17
17.   Ив Ламперт Декојнинк-Квик Степ+ 17
18.   Дилан ван Барле Тим Скај+ 24
19.   Јаспер Стејвен Трек-Сегафредо+ 1' 19
20.   Стејн Ванденберг АГ2Р Ла Мондијал+ 1' 58
Извор: ProCyclingStats


Список на учеснициУреди

НаводиУреди

  1. „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. Посетено на 23 октомври 2018.
  2. „Tour of Flanders: Alberto Bettiol takes shock first professional win“. BBC Sport. Посетено на 8 април 2019.
  3. „Roadmap“ (PDF). rondevanvlaanderen.be. Фландриски класици. Посетено на 12 март 2019.
  4. „Niki Terpstra wins 2018 Tour of Flanders“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 1 април 2018. Посетено на 1 април 2018.
  5. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  6. „Deelnemerslijst - liste des partants“ (Portable Document Format). Трка околу Фландрија. Фландриски класици. 1 април 2019. Посетено на 5 април 2019.
  7. „Трка околу Фландрија 2019“. ProCycling.

Надворешни врскиУреди