Париз-Рубе 2021

118. издание на велосипедската трка

Париз-Рубе 2021 — 118. издание на велосипедската еднодневна трка Париз-Рубе, која се одржала на 3 октомври како 28. настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2][3] Првобитно била закажана да се одржи на 11 април 2021 година, но била одложена поради пандемијата на КОВИД-19 во Франција.[4] Планираната трка во 2020 година исто така била откажана поради пандемијата.[5] По првпат женската трка била одржана еден ден пред машката трка.

Париз-Рубе 2021
Детали за трката
Издание118. Париз-Рубе
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2021 1.UWT
Датум3 октомври 2021
Растојание257,7 км
ДржаваFRA Франција
ПоаѓалиштеКомпјењ
ОдредиштеРубе
Екипи25
Возачи на почеток174
Возачи на крај94
Просечна брзина42,718 км/ч
Искачени метри1360 m
Добитници на наградите
ПобедникITA Сони Колбрели (Бахреин Викториус)
ВторопласиранBEL Флоријан Вермерш (Лото-Судал)
ТретопласиранNED Матје ван дер Пул (Алпесин-Декојнинк)
◀20202022▶
Документација

Италијанецот Сони Колбрели ја освоил трката во троен спринт пред Флоријан Вермерш и Матје ван дер Пул.[6] Ова било првпат италијански велосипедист да ја освои трката по Андреа Тафи во 1999 година.[7]

Екипи

уреди

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи. Од нив, само Тим БајкЕксчејнџ не учествувале со максималните дозволени седум возачи. Од вкупно 174 возачи, 96 ја завршиле трката.[9]

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)ProTeams (6)

Поредок

уреди

Завршен пласман

уреди

[10]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Сони Колбрели Бахреин Викториус6ч 01' 57
2.   Флоријан Вермерш Лото-Судал+ 0
3.   Матје ван дер Пул Алпесин-Декојнинк+ 0
4.   Џани Москон Инеос Гренадиерс+ 44
5.   Ив Ламперт Судал Квик-Степ+ 1' 16
6.   Кристоф Лапорт Кофидис+ 1' 16
7.   Ваут ван Ерт Џамбо-Висма+ 1' 16
8.   Том Ван Асбрук Израел старт-ап нејшн+ 1' 16
9.   Гијом Боавен Израел старт-ап нејшн+ 1' 16
10.   Хајнрих Хауслер Бахреин Викториус+ 1' 16
11.   Јонас Руч ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 1' 16
12.   Макс Валшајд Кубека НекстХаш+ 3' 17
13.   Антони Тиржис ТоталЕнержи+ 3' 17
14.   Александер Кристоф ОАЕ Емирати+ 4' 40
15.   Џани Вермерш Алпесин-Декојнинк+ 4' 40
16.   Себастијан Лангевелд ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 4' 45
17.   Марко Халер Бахреин Викториус+ 6' 21
18.   Амори Капиот Аркеа-Самсик+ 6' 21
19.   Баптист Планкерт Интермарше-Сиркус-Ванти+ 6' 21
20.   Лука Моцато Б&Б Хотелс-КТМ+ 6' 21
Извор: ProCyclingStats


Список на учесници

уреди

Наводи

уреди
  1. „Paris-Roubaix: Italian Sonny Colbrelli wins men's race after late drama“. BBC Sport. Посетено на 3 October 2021.
  2. „The UCI reveals the 2021 calendars for the UCI WorldTour and UCI Women's WorldTour“. UCI. Посетено на 25 October 2020.
  3. „Peter Sagan: I'm not afraid of a wet Paris-Roubaix“. Cycling Weekly. Посетено на 30 September 2021.
  4. Farrand, Stephen (1 April 2021). „Paris-Roubaix postponed to October due to COVID-19 pandemic in France“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 April 2021.
  5. Fletcher, Patrick (9 October 2020). „Paris-Roubaix cancelled after COVID-19 cases rise in northern France“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 9 October 2020.
  6. „Sonny Colbrelli wins Paris-Roubaix in muddy, brutal conditions“. Velo News. Посетено на 3 October 2021.
  7. „Sonny Colbrelli wins epic men's 2021 Paris-Roubaix“. Cycling Weekly. Посетено на 3 October 2021.
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  9. „Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 10 November 2021.
  10. „Париз-Рубе 2021“. ProCycling.

Надворешни врски

уреди