Милано-Санремо 2013

велосипедска трка во Италија

Милано-Санремо 2013 било 104. издание на еднодневната велосипедска трка Милано-Санремо. Се одржала на 17 март на скратено растојание од 246 километри[1] и била четврта трка во сезоната на Светската турнеја. За првпат по 31 година[2], Милано-Санремо се одржала во недела, откако организаторите на трката побарале да се промени датумот поради усогласување со неколку од другите класични трки.[3]

Милано-Санремо 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 4 од 28
Групата во Савона
Детали за трката
Date 17 март 2013
Растојание 246 км
Време 5ч 37' 20" (27.187 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Гералд Чолек (ГЕР) (МТН Кубека)
Втор  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Трет  Фабијан Канчелара (ШВА) (РадиоШек-Леопард)
2012
2014

Големите врнежи од снег и лошото време ги приморало организаторите да ја скратат трката од 298 на 246 километри, скратувајќи ги клучните искачувања - Пасо дел Туркино и Ле Мани - и обезбедувајќи автобуски превоз за трката да започне по вторпат.[4] Неколку возачи одбиле повторно да започнат, вклучувајќи го возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен, кој протестирал против одлуката сите возачи да ѝ се приклучат на главната група, иако неколку возачи загубиле време пред трката да биде неутрализирана.

Откако возачите на Омега Парма-Квик Степ Силвен Шаванел и на Тим Скај Ијан Станард ја предводеле намалената главна група преку врвот на последното искачување, Поџо ди Санремо, група од шестмина се одвоила на спустот по Поџо, вклучувајќи ги фаворитите пред трката Петер Саган (Канондејл) и победникот од 2008 Фабијан Канчелара од РадиоШек-Леопард. Секстетот останал заедно со целта, каде Гералд Чолек победил во спринтот за МТН Кубека, пред Саган и Канчелара.[5][6]

Екипи

уреди

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и седум други екипи кои добиле специјални покани,[7] и со тоа било создадена главната група од 25 екипи. Првично најавено како екипа со специјална покана, Катјуша подоцна го повратила својот World Tour статус по жалбата во Арбитражниот суд за спорт.[8][9] Секоја од 25. екипи имала осум возачи на трката, што правело главната група на почетокот да има 200 возачи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[10]

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време
1   Гералд Чолек (ГЕР) МТН Кубека 5ч 37' 20"
2   Петер Саган (СВК) Канондејл и.в.
3   Фабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Леопард и.в.
4   Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
5   Лука Паолини (ИТА) Катјуша и.в.
6   Ијан Станард (ВБР) Тим Скај и.в.
7   Тејлор Фини (САД) Аксент Џобс-Ванти и.в.
8   Александер Кристоф (НОР) Катјуша + 14"
9   Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ + 14"
10   Бернхард Ајзел (АВТ) Тим Скај + 14"

Наводи

уреди
  1. „Поредок на пристигнување“ (PDF). Милано-Санремо. La Gazzetta dello Sport; RCS MediaGroup. 17 март 2013. Посетено на 17 март 2013.
  2. Лов, Феликс (17 март 2013). „Чолек победи на скратената Милано-Санремо поради снег“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 17 март 2013.
  3. Аткинс, Бен (28 ноември 2012). „UCI ги потврди преместувањата на Милано-Санремо и Џиро ди Ломбардија во неделите во 2013“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 март 2013.
  4. Мекмајкл, Сајмон (17 март 2013). „Snow and TV schedules wreak havoc as race shortened“. Road.cc. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 17 март 2013.
  5. „Гералд Чолек победи на Милано-Санремо“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 17 март 2013.
  6. Аткинс, Бен (17 март 2013). „Гералд Чолек го победи Петер Саган во спринтот по бегството“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 17 март 2013.
  7. Фаранд, Стивен (8 јануари 2013). „Бардијани, Колумбија и Фантини Вини обезбедија покана на Џиро д'Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 март 2013. 25 екипи ќе настапат на Милано-Санремо: осумнаесет World Tour екипи плус Андрони Џокатоли, Катјуша, МТН-Кубака, ИАМ Сајклинг, Бардијани, Вини Фантини и Тим Јуропкар.
  8. „CAS одлучи да му се додели лиценца за Светската турнеја на Катјуша“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 февруари 2013. Посетено на 15 март 2013.
  9. „UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 февруари 2013. Посетено на 15 март 2013.
  10. „Почетна листа за Милано-Санремо 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 март 2013.

Надворешни врски

уреди