Трка околу Фландрија 2017

издание 2017 на велосипедската Трка околу Фландрија
Трка околу Фландрија 2017
Детали за трката
Издание101. Трка околу Фландрија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2017 1.UWT
Датум2 април 2017
Растојание260 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеАнтверпен
ОдредиштеАуденарде
Екипи25
Возачи на почеток198
Возачи на крај121
Просечна брзина40,651 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс)
ВторопласиранBEL Грег ван Авермат (БМЦ Рејсинг Тим)
ТретопласиранNED Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс)
◀20162018▶
Документација

Трка околу Фландрија 2017 — 101. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 2 април како тринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Трката била освоена од белгискиот национален првак Филип Жилбер од екипата Квик-Степ Флорс,[3] откако нападнал сам на Ауде Кваремонт и се одржал пред групата во останатите 55 километри.[4] Второто место му припаднало на уште еден Белгиец, Грег ван Авермат од Ванти-Груп Гобер, победувајќи ги холандските возачи Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) и Дилан ван Барле од Канондејл-Драпак во трочлен спринт за подиум.

Рута уреди

 
Антверпен домаќин на почетокот на трката на својот главен плоштад по првпат.
 
Првиот круг на рутата (со црвено) и преминот кон вториот круг (со зелено).
 
Вториот круг на рутата (со црвено) и завршниот дел од трката од 16,1 километар (со зелено).

Градот Антверпен по првпат бил домаќин на трката, откако 19 пати започнала во Бруге, со што Трката околу Фландрија првпат започнала од покраината Антверпен.[5] Трката завршила во Ауденарде со вкупно растојание од 260,8 километри и повторно го имала Мур ван Герардсберген, едно од иконските искачувања на трката.[5][6]

Првите 116 километри на трката се рамни, пред да започне првото од 18. искачувања, Ауде Кваремонт.[6] Ауде Кваремонт, кое било во фокусот на трката во последните неколку години, се појавувало трипати на рутата и последните две се споени со Патерберг три километри подоцна.[7] Мур ван Герардсберген е деветто категоризирано искачување на 95 километри од завршницата.

Завршните 75 километри биле идентични на претходните изданија.[7] На завршните девет искачувања, првото било Канариберг, потоа првата комбинација Ауде Кваремонт-Патерберг, по кое следело Копенберг, најстрмното искачување на трката. Копенберг било веднаш по рамниот сектор со калдрма на Маријаборестрат, што водело до искачувањата Стенбекдрис и Тајенберг. Крејсберг во Ронсе се наоѓало на 26 километри од целта, пред завршните две искачувања.[6] Втората комбинација на Ауде Кваремонт и Патерберг го претставувал крајот на трката, пред 13,2 километри до завршницата.

Категоризирани искачувања и калдрми уреди

 
Мур ван Герардсберген, со наклони до 20%, се враќа во рѕтата по петгодишна пауза.
 
Патерберг во Клејсберген е последното искачување на трката на само 13,2 километри пред крајот.
 
Хагхук е претпоследниот рамен дел со калдрма на трката, 117,4 километри од целта.

Осумнаесет категоризирани искачувања, од кои 12 со калдрма. Дополнително, имало пет рамни делови со калдрма.

Искачувања и сектори со калдрма на Трката околу Фландрија 2017
Бр. Име Растојание од Подлога Должина
(метри)
Наклон (%)
Почеток
(км)
Цел
(км)
(прос.) (макс.)
Липенховестрат 85,2 175,6 калдрма 1300
Падестрат 86,6 174,2 калдрма 1500
1 Ауде Кваремонт 116,3 144,5 калдрма 2200 4% 11,6%
2 Кортекер 126,8 134,0 асфалт 1000 6,4% 17,1%
3 Ејкенберг 134,5 126,3 калдрма 1200 5,2% 10%
4 Волвенберг 137,6 123,2 асфалт 645 7,9% 17,3%
Холевег 137,7 123,1 калдрма 1500
Хагхук 143,4 117,4 калдрма 2000
5 Леберг 146,4 114,4 асфалт 950 4,2% 13,8%
6 Берендрис 150,5 110,3 асфалт 940 7% 12,3%
7 Тенбосе 155,5 105,3 асфалт 450 6,9% 8,7%
8 Мур ван Герардсберген 165,8 95,0 калдрма 1075 9,3% 19,8%
9 Ла Упе 184,5 76,3 калдрма 2800 3,3% 10%
10 Канариберг 190,3 70,5 асфалт 1000 7,7% 14%
11 Ауде Кваремонт 206,2 54,6 калдрма 2200 4% 11,6%
12 Патерберг 209,6 51,2 калдрма 360 12,9% 20,3%
13 Копенберг 216,2 44,6 калдрма 600 11,6% 22%
Маријаборестрат 220,3 40,5 калдрма 2000
14 Стенбекдрис 221,6 39,2 асфалт 700 5,3% 6,7%
15 Тајенберг 224,1 36,7 калдрма 530 6,6% 15,8%
16 Крејсберг 234,3 26,5 асфалт 2500 5% 9%
17 Ауде Кваремонт 244,1 16,7 калдрма 2200 4% 11,6%
18 Патерберг 247,6 13,2 калдрма 360 12,9% 20,3%

Екипи уреди

Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, кои биле објавени на 28 февруари 2017 година.[9] Јенс Кекелејре од Орика-Скот бил исфрлен од трката утрината пред почетокот,[10] поради што главната група била составена од 199 возачи.[11]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Поредок уреди

Завршен пласман уреди

[12]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Филип Жилбер Квик-Степ Флорс6ч 23' 45
2.   Грег ван Авермат БМЦ Рејсинг Тим+ 29
3.   Ники Терпстра Квик-Степ Флорс+ 29
4.   Дилан ван Барле ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 29
5.   Александер Кристоф Катјуша-Алпесин+ 53
6.   Саша Модоло ОАЕ Емирати+ 53
7.   Џон Дегенколб Трек-Сегафредо+ 53
8.   Филипо Поцато Вилиер Триестина-Селе Италија+ 53
9.   Силвен Шаванел Директ Енержи+ 53
10.   Сони Колбрели Бахреин-Мерида+ 53
11.   Михаел Валгрен Астана+ 53
12.   Лук Дарбриџ Орика-Скот+ 53
13.   Матео Трентин Квик-Степ Флорс+ 53
14.   Јоан Офредо Ванти-Груп Гобер+ 53
15.   Џани Москон Тим Скај+ 53
16.   Скот Твејтс Дименжн Дата+ 53
17.   Тони Галопен Лото-Судал+ 53
18.   Нелсон Оливеира Мовистар+ 53
19.   Фабио Фелине Трек-Сегафредо+ 1' 01
20.   Андре Грајпел Лото-Судал+ 2' 29
Извор: ProCyclingStats


Наводи уреди

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. „Uitslag - Résultat - Result“ (Portable Document Format). KBWB-RVLB.com. Royal Belgian Cycling League. 2 април 2017. Посетено на 2 април 2017.
  4. „Philippe Gilbert wins Tour of Flanders after epic solo break“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 април 2017. Посетено на 2 април 2017.
  5. 5,0 5,1 „Muur van Geraardsbergen returns for 2017 Tour of Flanders“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 10 октомври 2016.
  6. 6,0 6,1 6,2 „101st Tour of Flanders“ (PDF). Трка околу Фландрија (холандски). Фландриски класици. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-04-01. Посетено на 31 март 2017.
  7. 7,0 7,1 Флечер, Патрик (31 март 2017). „Tour of Flanders 2017 preview“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 2 април 2017.
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  9. „Tour of Flanders announces seven wildcard teams for 2017“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 28 февруари 2017. Посетено на 31 март 2017.
  10. Диркс, Нилс (2 април 2017). „Keukeleire does not start the Ronde“. Sport.be (холандски). Golazo Media NV. Посетено на 2 април 2017.
  11. „Ronde van Vlaanderen - Tour des Flandres: List of participants“ (PDF). Трка околу Фландрија. Фландриски класици. 31 март 2017. Архивирано од изворникот (Portable Document Format) на 2017-04-01. Посетено на 31 март 2017.
  12. „Трка околу Фландрија 2017“. ProCycling.

Надворешни врски уреди