Генерален пласман на Џиро д’Италија
Генералниот пласман на Џиро д’Италија — најважниот пласман на Џиро д’Италија, што го одредува крајниот победник. Затоа се смета за поважен отколку другите пласмани како бодовниот или планинскиот пласман.
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Џиро д’Италија |
Доделена за | Победник во генералниот пласман |
Локално име | Maglia Rosa (италијански) |
Историја | |
Прва награда | 1909 (првата розова маичка во 1931) |
Изданија | 105 (до 2022) |
Прв победник | Лујџи Гана (ИТА) |
Најмногу победи | Алфредо Бинда (ИТА) Фаусто Копи (ИТА) Еди Меркс (БЕЛ)
|
Најнов победник | Џеј Хиндли (АВС) |
Од 1931, на предводникот во генералниот пласман му се доделува розова маичка (италијански: maglia rosa).[1]
На првите изданија на Џиро д’Италија се користел бодовниот систем за пресметка на генералниот пласман, но од 1914 се користи временскиот систем. Сите етапни резултати се собираат заедно, земајќи ги предвид временските бонуси за високите завршници и средните спринтови и временските казни за прекршување на правилата.
Розовата боја била избрана поради весникот La Gazzetta dello Sport, спортскиот весник кој го создал Џиро, кој се издавал на розова хартија. За според, предводникот на генералниот пласман на Тур де Франс е наградуван со жолта маичка, која првично потекнува од жолтата боја на весникот L'Auto, весник кој го создал Тур де Франс.
Наводи
уреди- ↑ Фаранд, Стивен (27 април 2013). „Џиро д'Италија 2013: Галерија на историските розови маички“. Cycling news. Future Publishing Limited. Посетено на 27 април 2013.