Благоевград (област)
41°45′N 23°15′E / 41.750° СГШ; 23.250° ИГД
Благоевград (област) Област Благоевград | |
---|---|
Област | |
Местоположба на Благоевград (област) во Бугарија | |
Земја | Бугарија |
Гл. град | Горна Џумаја |
Општини | 14 |
Управа | |
• Управник | Бисер Михајлов |
Површина | |
• Вкупна | 6.449,5 км2 (24,902 ми2) |
Население | |
• Вкупно | 323.552 |
• Густина | 5,0/км2 (13/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. табл. | E |
Благоевградска Област — една од 28-те области во Република Бугарија. Има површина од 6.449,5 км2. Главен град на Благоевградската Област е Горна Џумаја (од 1950 г. — Благоевград).
Благоевградската област се простира речиси целосно на територијата на Пиринска Македонија.
Историја
уредиСпоред пописот од 1920 г. населението броело 155.598 жители, но немало декларирани луѓе како етнички Македонци. Во декември 1946 г. во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Благоевградската област 70 % се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956 г.) на пописот на населението во Благоевградската област од вкупно 281.015 жители, како етнички Македонци се изјасниле 178.862 — или 63 % од целокупното население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[1] Според неофицијални податоци во првиот попис по падот на комунистичката власт во Бугарија, во Пиринска Македонија како етнички Македонци се попишале 10803 луѓе. Според пописот од 2001 населението на Пиринска Македонија (Благоевградска Област) брои 341.173 жители. Од нив како мајчин јазик го декларирале бугарскиот 306.118 или 89,7 %, 19.819 жители го признале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 - ромскиот. Според последниот подпис од 2011 година 561 души во Горноџумајско се декларирале како етнички Македонци (0,2 %).[2]
- Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за националната структура на населението по околии од пописот во 1956 година:
Околии | Светиврачка | Петричка | Горноџумајска | Разлошка | Неврокопска | Вкупно |
Македонци | 89,49 % | 82,64 % | 52,18 % | 45,18 % | 45,77 % | 63,64 % (178862) |
Бугари | 7,51 % | 15,15 % | 45,08 % | 39,05 % | 49,45 % | 33,33 % (93671) |
други | 3,00 % | 2,16 % | 2,71 % | 11,92 % | 4,77 % | 3,03 % |
Население
уредиОфицијални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за населението во Благоевградска област од пописот во 2001 година:[3]
- Етнички групи во Благоевградска област
Вкупно | Бугарска | Турска | Ромска | Македонска | Друга |
341.173 | 286.491 | 31.857 | 12.405 | 3.117 | 7.303 |
100 % | 83.97 % | 09.34 % | 03.64 % | 00.91 % | 02.14 % |
Географија
уредиВо целост во Благоевградската област може да се одделат 6 географски целини:
- Планината Пирин (со планината Славјанка на југ) во средишниот дел на областа.
- Осоговско-беласичката планинска група, која ги вклучува планините Осогово, Влаина, Малешевска планина, Огражден и Беласица, преку кои минува границата со Република Македонија.
- Долината и сливното подрачје на реката Струма западно од Пирин Планина и околината на градот Петрич во плодна широка рамнина (котлина).
- Долината и сливното подрачје на реката Места источно од планината Пирин, која исто така во јужниот дел во околината на градот Неврокоп (денес Гоце Делчев) е плодна и пространа рамнина со повисока надморска височина од Петричкото поле.
- Наjзападните ридови на планината Родопи на исток од реката Места.
- Јужниот дел на планината Рила.
Список на населените места во Благоевградската Област
уредиБанско, Гостун, Добриништа (Добриниште), Кремен, Места, Обидим, Осеново, Филипово
Бабјак, Белица, Гарван (Златарица), Гољово (Гал’бово), Дагоново, Краиште, Кузово, Лутово (Љутово), Орцево, Палатик, Хахњово (Горно Краиште), Черешево (Черешово)
Општина Горна Џумаја (Благоевград)
уредиАјдарово (Изгрев), Бело Поле, Бистрица, Бучино, Габрово, Горна Џумаја (Благоевград), Дебочица, Делвино, Делијазмино (Зелендол), Дреново (Дренково), Добрава, Еленово, Клисура, Крџево (Б’лгарчево), Лешко, Лешница (Обел), Лисија, Логодаж, Марулево, Моштанец, Падеш, Покровник, Селиште, Хасарлак (Рилци), Хрсово (Горно Хрсово), Церово
Општина Неврокоп (Гоце Делчев)
уредиБаничан, Брезница, Буково, Даг Чифлик (Добротино), Јуч Дурук (Делчево), Корница, Л’жница, Мусомишта (Мосомиште), Неврокоп (Гоце Делчев), Нов Чифлик (Борово), Папас Чаир (Попови Ливади), Цирополе (Господинци)
Балдево, Горно Дреново, Грмен, Дабница, Дебрен, Долно Дреново, Ковачевица, Крушево, Лештен, Марчево, Ореше, Осиково, Рибново, Скребатно, Фотовишта (Огњаново), Фустане (Хвостјане)
Аврамово, Бел Камен, Бунцево, Јакоруда, Јуруково, Конарско, Иланско (Смолево), Черна Места
Влахи, Кресна, Брезница (Горна Брезница), Долна Градешница, Оштава, Сливница Стара Кресна,
Баскалци, Богородица, Боровичене, Вишна (Вишлене), Габрене, Гега, Горчево, Долене, Долна Крушица, Долна Рибница, Долно Спанчево, Драгуш, Дреново, Дреновца (Дреновица), Елешница (Беласица), Ени Чифлик (Ново Кономлади), Зојчене, Иваново, Јаворница, Јаково, Камена, Капатово, Клуч, Коларово, Крналово, Крнџилица, Кромидово, Кукурахцево, Кулата, Марикостиново, Марино Поле, Масли Чифлик (Кладенци), Мендово, Митино, Михново (Михнево), Орман (Кавракирово), Петрич, Покровник (Дрангово), Право Брдо, Првомај, Припечене (Генерал Тодоров), ’Рждак, Рибник, Робово (Волно), Самуилова Крепост, Димидово (Самуилово), Скрт, Старчево, Струмешница, Тонско Дабе, Тополница (Нова Тополница), Чурилово, Чуричени, Чучулигово, Ширбаново (Рупите)
Општина Мехомија (Разлог)
уредиБања, Бачево, Годлево, Горно Драглишта (Г. Драглиште), Долно Драглишта (Д. Драглиште), Елешница, Мехомија (Разлог), Недобарско (Добарско)
Општина Свети Врач (Сандански)
уредиБелевехчево, Белово, Бождово, В’лково, Врања, Голем Цалим, Голешово, Горна Сушица, Горни Орман (Ладарево), Горно Спанчево, Дебрене, Дере Мислим (Лозеница), Долени, Долна Сушица (Златолист), Долни Орман (Ласкарево), Ѕивгелија (Зорница), Јаново, К’рланово, Калиманци, Катунци, Кашина, Ковачево, Крстилци, Лебница, Левуново, Лески (Вихрен), Лехово, Лешница, Лилјаново, Љубовишта (Љубовиште), Љубовка, Малки Цалим, Манџово (Виногради), Мелник, Ново Делчево, Ново Хоџово, Орман Чифлик (Дамјаница), Петрово, Пиперица, Пирин, Плоски, Поленица, Рожен, Свети Врач (Сандански), Склаве, Спатово, Стожа, Струма, Сугарево, Хотово, Храсна, Хрсово, Черешница, Џигурово
Боголин, Марулево (Ваклиново), В’лкосел, Годешево, Долен, Жижево, Кочан, Крабул (Крибул), Осина, Плетена, Сатовча, Слаштен, Туховишта, Фргово
Брестово, Горно Осеново, Градево, Докатичево, Долна Сушица (Полена), Долно Осеново, Железница, Крупник, Мечкул, Полето, Ракитна, Сенокос, Симитли, Србиново (Брежани), Сухострел, Сушица, Тросково, Черниче
- Белица (Илинденци)
- Велјуштец
- Вракуповица
- Гореме
- Горна Крушица
- Горна Рибница
- Добри Лаки
- Драката
- Игралишта (Игралиште)
- Каменица
- Клепало
- Колибите
- Крпелево
- Махалата
- Микрево
- Никудин
- Палат
- Раздол
- Седелец
- Струмјани
- Цапарево
Абланица, Беслен, Блатска, Гајтаниново, Копривлен, Л’ки, Лески (Ново Лески), Либјахово (Илинден), Нова Ловча, Парил, Петралик (Петрелик), Садово, Теплен, Тешово, Хаџидимово
Македонски весници во Благоевградската Област
уредиНаводи
уреди- ↑ Доклад на Република България съгласно член 25, алинея 1 от Рамковата конвенция за защита на националните малцинства, одобрен с решение #91 на Министерския съвет от 14 февруари 2003 - Национален съвет по етническите и демографските въпроси към Министерския съвет, по проект финансиран от Световната банка
- ↑ Население по етническа група и майчин език в област: Благоевград.[мртва врска]
- ↑ Попис 2001
Надворешни врски
уреди- Управа на Благоевградската област Архивирано на 15 јуни 2006 г.
- Интернет издание на „Народна Волја“