Елешница (Петричко)

село во Петричко, Пиринска Македонија

за други значења видете Елешница (појаснување)

Елешница
Елешница is located in Пиринска Македонија
Елешница
Елешница
Местоположба на Елешница во Пиринска Македонија
Координати: 41°22′0″N 23°8′0″E / 41.36667° СГШ; 23.13333° ИГД / 41.36667; 23.13333
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна26,066 км2 (10,064 ми2)
Надм. вис.&10000000000000498000000498 м
Население (2015)
 • Вкупно1.059
 • Густина41/км2 (110/ми2)
Час. појасEET
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC)

Елешницасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

уреди

Селото Елешница се наоѓа во полупланинска област во северниот дел на планината Беласица во регионот на Подгорjе. Климата е преодно-средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 мм. Просечната надморска височина е 380 метри, со најниски делови од селото околу 320 метри надморска височина и највисока на 440 метри надморска височина. Почвите се делувиални, ливадни, песочни и песочно-глинести. Реката Струмица тече низ селото, опкружувајќи го атарот на селото на север. Атарот на селото зафаќа простор од 26,622 км2.

Селото произведува квалитетно овошје и зеленчук, и најпознато е по црешите и праските. Селото е сместено во подножјето на планината, и нуди прекрасен поглед. Можно е планинско пешачење, лов и риболов во реката Иваник, како и собирање костен и печурки во есен. Над селото се наоѓаат некои од најголемите шуми од костен во земјата (јадливи костени). Има неколку шумски патишта на планината, а околу нив жителите на селото имаат изградено неколку чешми. Во август 2013 година во селото работи аматерска метеоролошка станица на 381 метри надморска височина.

Историја

уреди

Две историски верзии за појавата на селото се сочувани денес. Според првата верзија, жителите на поранешното село во областа Марковица (западно од Елешница) се преселиле по поплавата која го зафатила нивното село. Според другата верзија, жителите на исчезнатото село Лешница се преселиле поради епидемија која го зафатила нивното село.

Отоманско Царство

уреди

До 1960 година, селото се викало Елесница, а денес официјалното име на селото е Беласица[1]. Под ова име селото се споменува во отоманските регистри од 1570 и 1664-1665 година. Според првиот регистар, 70 христијански домаќинства живееле во селото[2]. Селото каде што се наоѓа денес, било населено во втората половина на XVIII век.

Во XIX век, населението главно егзистирало и се занимавало со земјоделство (пченица, пченка, ориз, сусам, афион, памук, афион, лозови насади, лен, зеленчук) и сточарство (овци, кози, свињи) и се произведувло масло од сусам и вино. Економските односи се одржуваале со Горно Порој (денес во Република Грција), со пристигнување на изведувачи и трговци кои купувале дел од земјоделското производство и го снабдувале со некои индустриски производи (на пр. крпа), како и со градовите Петрич, Дојран и Струмица.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долне Елешница (Dolné Elechnitza) се состоело од 150 куќи од кои 85 жители муслимани и 385 Македонци[3][4] Во 1872 година, Георги Урумов го отворил првото егзархиско училиште во регионот на Петрич. Во 1885 година била изградена училишна зграда со доброволно работење и донации. После Берлинскиот конгрес од 1878 година, селото останало под отоманска власт, а делегација заминала за градот Кукуш, која со помош на католичките мисионери ги принудиле на отоманските власти да ги запрат злоупотребите врз населението.

Во 1891 година, Георги Стрезов за селото напишал:

Елешница, 3 Н од Петрич; лежи во подножјето на Беласица; жителите минуваат покрај изобилството овошни дрвја, костени, круши, јаболка кои растат овде. Повеќето се ораници и лозари. Бугарска црква и училиште со 18 ученици. Куќи 140 во Долна Елешница и 40 во Горна Елешница.[5]


Во 1897 година била изградена црквата „Св. Пророк Илија“, која денес е споменик на културата. Храмот е насликан во 1910 година од зографите Теофил Минов и Мина Марков од селото Караќој, Неврокоп[6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 830 жители, од кои 230 Турци и 600 Македонци[3][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 880 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во градот имало едно основно училиште со еден учител и 21 ученици[8].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, осум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[9]. Во текот и по крајот на војната, турското население било убиено или протерано, а турската џамија целосно изгорена.

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

За време на Втората светска војна, значајни германски трупи и магазини за оружје биле сконцентрирани во близина на селото во областа Копанчето. Во 1944 година, Петричкиот партизански одред „Антон Панов“ оперирал над селото Елешница.

Од 1944 година, месното население дало отпор кон формирањето на Работното кооперативно земјоделско стопанство, поради што многу луѓе биле осудени од политички причини, како и раселени на далечни места на територијата на земјата. Голем број од машкото население емигрирало поради политичка репресија, бегајќи низ планиниата Беласица во Грција, од каде го продолжувале својот пат низ целиот свет. За време на овие бегства жителите на селото често биле убивани од бугарските граничари.

Во 1960 година, името на селото било променето во Беласица[1]. За време на периодот 1944 - 1989 година, селото развило големо земјоделство, со најголеми масиви цреши, праски, бадеми во околината на Горна Џумаја. Во селото биле изградени неколку микро брани. Одгледувањето овошје и зеленчук е со исклучителен квалитет и еколошки, па токму затоа тие биле наменети за државната елита.

По демократските промени и враќањето на земјиштето, во селото продолжило да се развива земјоделството и лесната индустрија, како фабриката за чевли и фабриката за столарија.

Во селото има околу 5 маркети за храна, 5 кафулиња, фризер, здравствена услуга, пошта, основно училиште, градинка, осигурителен брокер, фудбалски стадион, каде што се натпреваруваат ФК Беласица 08 и други. Во 2012 година, недалеку од селото, била изградена мала хидроцентрала на реката Иваник.

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште Христо Ботев - Општина Петрич
  • Читалница „Просвета“
  • Читалница „Леонардо Да Винчи -2013“
  • Градинка „Детски свет“
  • Фудбалски клуб „Беласица - 08“

Културни и природни знаменитости

уреди
  • Црква „Св. Илија“ - споменик на културата
  • Мелницата на Дедо Мита која сè уште работи, а сопствениците чуваат докумкенти за нејзиното постоење уште од 1886 година.

Редовни настани

уреди
  • 1 јануари - Годишни кукерски игри;
  • 6 јануари - Официјален празник Богојавление во дворот на црквата;
  • 1 февруари - Одбележување на Трифон Зарезан - се избира цар на виното и ракијата во комбинација со музика, песни и танц;
  • 5 мај - Одбележување на празникот Ѓурѓовден во месноста „Чуката“ („Платуник“) - цела ноќ се слави во ливада, сместена високо на планината Беласица;
  • 20 јули - Илинден

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.574-575
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150 – 151.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 30.
  6. Димитров, Владимир. Храм "Св. Пророк Илия", с. Беласица (Елешница), Петричко. – Проблеми на изкуството, №4, 2016, 49-56.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 186.
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 98-99.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 186