Ореше (Пиринско)
Ореше — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Ореше | |
---|---|
Координати: 41°37′N 23°53′E / 41.617° СГШ; 23.883° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Грмен |
Површина | |
• Вкупна | 14.556 км2 (5,620 ми2) |
Надм. вис. | 1.116 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 235 |
• Густина | 0,016/км2 (0,042/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2943 |
Повик. бр. | 07531 |
Географија и местоположба
уредиСелото Лештен се наоѓа на 23 километри североисточно од Неврокоп и на 12 километри североисточно од општинскиот центар Грмен, а најблиското населено место е Крушево. Селото е планинско кое се наоѓа на надморска висина од 1116 метри и спаѓа во историското и географското подрачје на Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 14.556 км2. Неговата географска локација е предуслов за одгледување на големи количини тутун, што е и главна егзистенција на населението таму.
Историја
уредиОстатоци од две доцноантички цркви биле пронајдени во близина на селото. Едната е трикорабна базилика, сместена на 1 км југоисточно од денешното село, и функционирала од првата половина на 5 век до крајот на 6 век. Втората црква е оддалечена 300 метри од првата црква и не е доволно проучена.[1]
Османлиско Царство
уредиВо список на селата и бројот на немуслимански домаќинства во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 година, селото Преше е запишано како село во кое живееле 25 христијански семејства.[2] Во османлиските документи селото често се среќава изпишано како Ореша (ﺍﻭﺭشــه).[3]
Во текот на XIX век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ореше (Oréché) е село со 30 семејства и 80 Помаци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 225 жители, сите Помаци[6] со 40 куќи.[7] Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Ореше има машко муслиманско население од 104 души, кое живее во 30 куќи.[8]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Денес, во селото живеат Помаци кои го практикуваат исламот. Денес нема здравствени установи или образовни институции во Ореше. Аматерскиот фудбалски клуб „Варбица“ игра во регионалната лига.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 301 | 320 | 346 | 392 | 443 | 519 | 434 | 381 | 198 | 235 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 56 | 40,29% |
Турци | 23 | 16,55% |
Роми | 0 | 0% |
Останати | 48 | 34,53% |
Неопределени | 12 | 8,63% |
Вкупно | 139 |
Знаменитости
уредиСелото Ореше е уште еден бисер на многуте непознати села на Родопите. Интересни глетки околу селото се неверојатната глетка со многу интересни карпести формации, стари дрвја и прекрасни зелени ливади. Интересни се и отворените антички гробници, подземен простор ограден со огромни тули каде човечките коски сè уште можат да се видат. Овие гробови со години чувале огромно количество злато и вредни историски предмети како што се бакарни садови, глинени садови и други, но варварските грабежи од ловците на богатство придонеле многумина од нив да исчезнат. Друго обележје во селото Ореше се римските мостови, кои со векови се во одлична состојба. Реката Варбица тече по селото. Во својата клисура формира прекрасни водопади и карпести формации. Во предградието на селото има многу куќи од целата римска населба, гробови и големи карпести формации.
Наводи
уреди- ↑ Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 150–151. ISBN 978-954-2972-17-4.
- ↑ Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8.
- ↑ Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 106. ISBN 954-9800-29-6.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894 – 1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 274.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ 9,0 9,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Ореше, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
Редовни настани
уредиВо селото секоја година се слави Бајрам, кој е почитуван како најголем празник. Секоја година има панаѓур каде сите луѓе излегуваат во центарот на Ореше и се забавуваат играјќи различни ора.