Места
река во Пиринска и Егејска Македонија
Места (бугарски: Места; грчки: Νέστος, Нестос) — река во Пиринска и Егејска Македонија. Извира на планината Рила недалеку до нејзиниот највисок врв Мусала, тече меѓу планините Пирин на запад и Родопите на исток и се влева во Егејско Море. Се образува со слевањето на реките Црна и Бела Места, 5 км североисточно од градот Јакоруда. Вкупниот тек на реката е 230 км, од кои 126 км во Бугариjа. Реката има и големи притоки од кои ја добива својата вода. Сливот зафаќа површина од 7.500 км2.[1]
Реката завршува во морето со Делтата на Места источно од Керемидли, Саришабанско.
По реката е наречена општината Места во Кавалскиот округ, Егејска Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Места“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Слики од Места Архивирано на 28 септември 2009 г.
- Сливот на реката Места
Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |