Ени Чифлик (Пиринско)
Ени Чифлик (денес Ново Кономлади) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Ени Чифлик Ново Кономлади | |
---|---|
Координати: 41°27′N 23°20′E / 41.450° СГШ; 23.333° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 4.965 км2 (1,917 ми2) |
Надм. вис. | 152 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 134 |
• Густина | 0,027/км2 (0,070/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2874 |
Повик. бр. | 074201 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 16 километри североисточно од градот Петрич, на левиот брег од реката Струма. Селото се наоѓа на надморска висина од 152 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 4.965 км2.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јени чифлик (Yéni-tchiflk) се состоело од 16 куќи, од кои 65 Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 56 жители, од кои 6 Турци и 50 Македонци[1][3].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Поголемиот дел од населението на селото се населиле од селото Кономлади, Костурско, кое по крајот на Балканските војни било вклучено во составот на Грција. На 14 август 1934 година, името на селото било променето во Ново Кономлади[4].
Во 1985 година селото имало 302 жители. Во времето кога кмет на селото бил Андон Кузов, била изградена чешмата на селскиот плоштад и споменик на водачот на селото, Христо Цветков.
Кметови:
- 1995–2007 – Андон Кузов
- 2007–2015 – Александар Кобуров
- од 2015 – Маријана Мурлева
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
- ↑ Мичев, Н и П. Коледаров, Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987, София 1989, с. 198.