Марикостиново
Марикостиново — село во Општина Петрич, во околината на градот Петрич, Пиринска Македонија, југозападна Бугарија.
Марикостиново | ||
---|---|---|
Координати: 41°45′N 23°25′E / 41.750° СГШ; 23.417° ИГД | ||
Земја | Бугарија | |
Област | Петрич | |
Општина | Благоевград (област) | |
Надм. вис. | 433 м | |
Население | ||
• Селска | 1,283 | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Пошт. бр. | 2870 | |
Рег. таб. | Е |
Географија и местоположба
уредиСелото Марикостиново се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, на левиот брег на реката Струма. Оддалечено е 11 километри источно од општинскиот центат и најблизок град Петрич.
Потекло на поимот
уредиСпоред една легенда, девојка по име Марија од тој крај била прогонувана од Турците. Таа била заробена од разбојници во близина на денешното село Марино Поле и била убиена. Дивите животни ѝ го разнесле телото и на местото каде што нејзините роднини и ги откриле коските, настанало селото Маринокостиново.
Историја
уредиМаринокостиново е село со богато историско минато. Пронајдени се бројни археолошки остатоци од античкиот и средновековниот период. Во месноста Марена (околу три километри северозападно од селото) се пронајдени остатоци од античка тврдина.
Селото се споменува во османлиските даночни регистри од 1616-1617 и 1625 година.
Во XIX век Маринокостиново е село во рамките на Демирхисарската каза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марикостиново живееле 500 жители, сите Македонци.[1][2]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, Маринокостиново е дел од Мелничката каза. Христијанското население се состои 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
По Балканските војни во селото се населуваат Македонци од Валовишко (Демирхисарско) и Серско, претежно од селата Спатово, Кумлија и Рупел.
Стопанство
уредиДемографија
уредиСпоред пописот од 2011 година, во селото живееле 1.283 жители, од кои 1.231 се запишани како Бугари, 4 Роми и 3 останати.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:
националност | број | % |
Бугари | 1.231 | 95,9 |
Роми | 4 | 0,31 |
Турци | / | 0 |
други | 6 | 0,46 |
не се самоопределиле | / | 0 |
не одговориле | 3 | 0.23 |
Вкупно | 1.283 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Марикостиново за периодот 1934-2011:[5]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 815 | 1278 | 1275 | 1396 | 1469 | 1416 | 1398 | 1370 | 1283 |
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“
Самоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уредиОваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192 – 193.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Справка за населението на с. Марикостиново, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Посетено на 2018-02-04.