Кремен (село)
Кремен — село во Општина Банско, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Кремен | |
---|---|
Координати: 41°55′N 23°39′E / 41.917° СГШ; 23.650° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Банско |
Површина | |
• Вкупна | 61,869 км2 (23,888 ми2) |
Надм. вис. | 1,100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 205 |
• Густина | 3,3/км2 (8,6/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2771 |
Повик. бр. | 074207 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во најисточните делови на планината Пирин, оддалечено 30 километри југоисточно од општинскиот центар Банско. Покрај селото тече Кременска Река.[2]
Историја
уредиСелото се споменува во втората половина на XV и почетокот на XVI век со регистрирани 37 семејства.[3]
Во 1889 година Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис, Македонија“ го споменува селото Кремен како село со 140 македонски[4] куќи.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.220 жители, сите Македонци.[4][6].
Револуционерна дејност
уредиКремен важи за едно од најреволуционерните села во Пиринско. Во 1901 година војводата на ВМОРО Иван Апостолов, основа револуционерен комитет во двете соседни пирински села Обидим и Кремен, во кои влегуваат Атанас Радонов, Георги К. Пандев, Христо (Ризо) К. Пандев, Димитар К. Пандев, Георги Т. Јусев, Георги Г. Москов, Ангел Димитров Павлов, Григор С. Карков, Костадин И. Пандев, Георги Ст. Прчков, Јануш Хиџов, Никола Караџов, Георги Даскалов, Коста Даскалов, Георги Уштавалиев, Ризо С. Радулов (Калинков), Глигор Џаров, Крсто Пакларски и Иван Даков.[7] Двете планински села распространети на важен пат кои ја сврзуваат Разлошката област со Неврокопско, се формираат како важен центар на ВМОРО.
Во Кремен е организирано складиште за пушки, муниција и друга опрема увезена главно од Бугарија или купени од самата Отоманско Царство. Складиштето е под покровителство на локалните водачи на настаниците Благој Хр. Јуданов, Георги Москов и Иван Апостолов.[8] Во првата половина на февруари 1903 година, Гоце Делчев дошол во Кремен со четата во којашто бил и кременецот Иван Ф. Радулов.
Пред избувнувањето на Илинденското востание во селото престојувала четата на Стојан Мулчаков. Четата била предадена и многу кременци биле уапсени и одведени во Филипово, а потоа во Неврокоп и измачување во наредните 90 дена, по што слободата им е откупена од селаните.[9]
Два месеци пред избувнувањето на востанието, 200 лица од Кремен биле повикани на воена обука во месноста Изворето од страна на Јане Сандански. Формирани се две чети, на чело со кременците Благој Џугданов и Георги Москов, кои прогонувани од властите, биле принудени да заминат во илегала и да се приклучат во четата на Иван Апостолов.[10]
Кременската селска милиција, под раководство на Благој Џугданов, учествува активно во уништувањето на османлискиот гарнизон во Обидим на 14 септември.[11] Османлиските војници кои ги преживуваат тие битки, заедно со башобозук од Рибново, Филипово и другите помачки села во регионот се упатуваат кон Кремен. Селаните заедно со добитокот успеваат да се извлечат во планината и целата покуќнина е закопана. Селскиот кмет Илија Филиповски, кој има добри врски во Неврокоп, заедно со Стојан Ушехов и брат му Коста Ушехов се обидуваат да ги помолат за милост османлиските влаасти. Тројцата биле ужасно измачувани, при што на Илија Филиповски му биле отсечени нозете, но тие сепак не октриле каде се востаниците. Сите тројца биле исечени на парчиња. Семејството на селскиот кмет што останало во селото настрадало - жена му Марија и шеснаесетгодишниот син Петар се убиени, седумгодишниот син Георги се спасува, а двегодишната ќерка Марија е однесена во Драма. Другите тројца старци што останале во селото, исто така се убиени. Целото село е запалено. Вкупниот број на настраданите е 32 жртви.[12]
Во периодот 1908-1909 година, селото имало 214 куќи со население од 1.091 жител.[13]
По повод убиството на царскиот агент Тодор Александров, четниците на Ванчо Михајлов, по наредба на бугарските царски власти почнале невиден терор врз населението во Бугарија и Пиринскиот дел на Македонија. Во масакрот во Кремен, биле убиени 6 (според други извори 7) жители, а 40-тина биле подложени на тепање.[14]
Стопанство
уредиДемографија
уредиДо средината на XX век, Кремен било голема населба, но по масовната миграција на населението, бројот на жители значително се намалил, така што според пописот од 2011 година, во Кремен живееле 205 жители.[15]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[16]
националност | број | % |
Бугари | 185 | 90,2 |
Роми | / | 0 |
Турци | / | 0 |
други | 17 | 1,46 |
не се самоопределиле | 3 | 0 |
не одговориле | / | 0 |
Вкупно | 205 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Кремен за периодот 1934-2011:[15]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 1.124 | 1.114 | 1.114 | 938 | 759 | 574 | 472 | 352 | 205 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Георги Радулов (1942) - македонски публицист и професор
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 465. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Гандев, Христо (1989) [1972]. „Населени места с регистрирани имена на главите на домаќинствата (XV-XVI в.)“. Българската народност през XV век: Демографско и етнографско изследване (II издание. изд.). София: Наука и Изкуство.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 236 – 237.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 194. ISBN 954430424X.
- ↑ Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, во: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 243.
- ↑ Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, во: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 244.
- ↑ Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, во: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 246.
- ↑ Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, во: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 247.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 104.
- ↑ Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, во: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 248 – 251.
- ↑ Извори за българската етнография, Т.3. Етнография на Македония, Съставители: Маргарита Василева и Колектив, София, 1998, стр. 81
- ↑ Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 339.
- ↑ 15,0 15,1 „Справка за населението на с. Кремен, общ. Банско, обл. Благоевград“ (бугарски). Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |