Михново

село во Петричко, Пиринска Македонија

Михновосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Михново
Михново is located in Бугарија
Михново
Михново
Местоположба во областа
Михново во рамките на Пиринска Македонија
Михново
Местоположба на Минхово во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°27′N 23°12′E / 41.450° СГШ; 23.200° ИГД / 41.450; 23.200
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна18.839 км2 (7,274 ми2)
Надм. вис.&10000000000000116000000116 м
Население (2015)
 • Вкупно1.050
 • Густина0,056/км2 (0,14/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2862
Повик. бр.07424

Географија и местоположба уреди

Михново се наоѓа во јужното подножје на планината Огражден, на 8 километри северно од општинскиот центар Петрич. Климата е преодно средоземна, со топли лета и благи зими. Атарот на селото зафаќа простор од 18.839 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 116 метри. Раното производство на зеленчук било развиено во околината на селото. Реката Струмица тече јужно од селото. Соседни села се Крналово и Орман.

Историја уреди

Османлиско Царство уреди

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година под името Михново. Според првиот дефтер, во селото живееле 50 христијански и 14 муслимански семејства[1].

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓа на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Михново (Mihnovo) се состоело од 60 куќи и 214 Македонци[2][3] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Миново, на С од градот Петрич до еден час. Има 60 куќи, само Бугари.[2][4]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители, сите Македонци[2][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[6].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[7].

Бугарија уреди

Селото било ослободено од отоманската власт во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на Балканските војни, селото било окупирано и запалено од грчката армија[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По војната, бегалци од Кукушко, Дојранско и подоцна од Струмичко се населиле во селото.

Денес, селото е добро развиено, електрифицирано, водоснабдено и со делумна канализација. Биле изградени и комуникациски мрежи, како што се телефонско покривање, телевизија (вклучувајќи кабелска), радио и интернет. Улиците се поплочени, а пристапот е преку целата година. Редовен автобуски превоз има до соседните населби.

Селото има кметство, основно училиште, градинка, центар на заедницата, црква, пошта, општ лекар, стоматолози, полициски инспектор на должност, продавници и други продажни места. Раното производство на зеленчук е развиено во околината на селото.

Население[2][9] уреди

Население на Михново по попис[9]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 537 716 857 983 1150 1322 1337 1249 1119 1050
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Редовни настани уреди

Традиционалниот собир на Михево се одржува секоја година на Спасовден, а името на црквата е „Свети Спас“. Кметството и читалиштето организираат презентација на концертна програма, спроведување спортски игри и народно борење.

Наводи уреди

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.585-586
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 31.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 98-99.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863
  8. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  9. 9,0 9,1 „Справка за населението на с. Михново, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.