Копривлен (бугарски: Копривлен) — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Копривлен
Копривлен is located in Бугарија
Копривлен
Копривлен
Местоположба во областа
Гајтаниново во рамките на Пиринска Македонија
Гајтаниново
Местоположба на Копривлен во Општина Хаџидимово и Благоевградската област
Координати: 41°31′N 23°48′E / 41.517°N 23.800°E / 41.517; 23.800
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаХаџидимово
Површина
 • Вкупна27,734 км2 (10,708 ми2)
Надм. вис.&10000000000000701000000701 м
Население (2024)
 • Вкупно1.234 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2921

Историја

уреди
 
Фолклорен ансамбл од село Садово пред домот на заедницата во село Копривлен

Рана историја

уреди

Во областа Козлука биле пронајдени садови и други предмети од тракиската материјална култура. Во областа Участака се зачувани остатоци од прилично голема тврдина и култен објект, кај месното население познат како манастир „Свети Ѓорѓи“. Во средниот век, регионот преминувал понекогаш во бугарски, понекогаш во византиски раце, а во времето на Самуил, областа била во составот на неговото царство. За тоа се проценува една црковна зграда западно од селото и пронајдени монети од бугарско и византиско потекло, статуетки, остатоци од керамика и други.

Отоманско Царство

уреди

Еден список од 1666 година за даночните делови што на царството ги плаќало христијанското население покажува дека Копривлен имало 23 ханети (семејства).

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Копривлен (Koprivlian) имало 50 домаќинства со 60 жители муслимани и 80 Македонци.[2] [3]Според Стефан Верковиќ, на крајот на 19 век, Копривлен имало 22 македонски и 28 турски куќи.[2][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 340 жители, сите муслимани.[5]

Балкански војни

уреди

Балканската војна од 1912 година го променил етничкиот состав на селото - Турците кои заминале биле заменети со првите доселеници од Либјахово и уште 18 македонски населби кои останале на грчка територија.

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Процесот на населување се одвивал со различни брзини во 1920-тите и 1930-тите. Статистичките податоци од периодот покажуваат дека Копривлен е меѓу оние населени места чии жители постојано се зголемуваат. Кога бил направен првиот попис во 1920 година, во селото живееле вкупно 567 жители. Следните пописи регистрирале 892 лица (1926), 1207 лица (1934), 1671 лице во 1946 година.

Географија

уреди

Селото Копривлен се наоѓа во подножјето на источните падини на Пирин, во југозападниот дел на Бугарија, на 7 километри јужно од градот Гоце Делчев. На североисток, атарот на селото застанува на коритото на реката Места, на југоисток се граничи со атарот на селото Садово и градот Хаџидимово, на југозапад со атарот на поранешното грчко муслиманско село Љалево, а на север со селата Ново Лески и Мусомишта.

Население

уреди

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[6]

Број на население
Вкупно 1344
Бугари 1245
Турци
Роми -
Останати 44
Не се определиле 3
Без одговор 52

Општествени институции

уреди

Училиштето во сеелото Копривлен било отворено во 1918 година. Училиштето било основано на инсистирање на населението и особено на Ангел Недев и Атанас Банскалиев. Прв учител била Магда Кацарова од Неврокоп. По неа учител станал и Димитар Лазаров (Дуков) од Гајтаниново. Други учители кои работеле биле: Светослав Камберов, Ангел Керезиев од Мусомишта, Георги Петков Панајотов-Гек, Аргиров и Танчев од Неврокоп.

Во 1923 година, по завршувањето на училиштето, бил направен обид за ттварање на средно училиште со 5 и 6 одделенија, но обидот пропаднал и учениците средно училиште оделе во Жостово. Поради оддалеченоста од 5 километри до селото, преносот бил многу тежок поради кое во 1926 година се донело одлука за изградба на ново училиште. Тоа се направило главно на инсистирање на Ангел Недев и Денчо Ангелов. Изградбата започнала во 1928 година а завршила во 1930 година. Во 1931 година во него биле сместени учениците. Иако некомплетно, средното училиште во Копривлен станало факт. Во 1961 година се отворило и 8-мо одделение.

Во 1959-1960 година се изградил стадионот во Копривлен.

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  4. Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 111 – 124. ISBN 954-9308-51-0
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  6. Попис на населението од 2011 година