Баскалци
Крналово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Баскалци | |
---|---|
Поглед кон селото | |
Координати: 41°29′N 23°00′E / 41.483° СГШ; 23.000° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 27,007 км2 (10,427 ми2) |
Надм. вис. | 819 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 68 |
• Густина | 2,5/км2 (6,5/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2883 |
Повик. бр. | 2806 |
Географија
уредиСелото Баскалци се наоѓа на 31 километри североисточно од градот Петрич, на надморска височина од 819 метри, а зафаќа површина од 27,007 км2. Селото се наоѓа во планински регион.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСелото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци.[1][2]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
До 1947 година Баскалци претставувало мала на некогашното село Игуменец.
За време на комунизмот, во селото се доставувал леб (можно е семејствата и сами да си правиле леб), весници, имало поштенска служба, медицински центар, училиште каде учеле децата од Баскалци, Чурилово и Кукурахцево.
По промените од 1989 година, жителите на селото започнале да се иселуваат. Во 1989 година околу 60 луѓе останале да живеат во селото, и половина од нив биле на возраст над 75 години.
Во 2015 година селата Баскалци, Чурилово и Кукурахцево биле соединети под едно кметство со центар во Кукурахцево.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 283 | 293 | 298 | 454 | 293 | 182 | 130 | 123 | 82 | 68 |
Личности
уреди- Иван Поп Георгиев - (1875 – ?), македонски револуционер
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
- ↑ 3,0 3,1 „Справка за населението на с. Баскалци, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.