Долни Орман
Долни Орман — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Долни Орман Ласкарево | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°32′N 23°20′E / 41.533° N; 23.333° EКоординати: 41°32′N 23°20′E / 41.533° N; 23.333° E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 938 км2 (362 ми2) |
Надм. вис. | 258 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 167 |
• Густина | 0,18/км2 (0,46/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2811 |
Повик. бр. | 07435 |
Географиja и местоположбаУреди
Селото Ласкарево се наоѓа на 11 километри источно од Свети Врач и на 22 километри од бугарско-грчката граница кај селото Кулата. Ласкарево се наоѓа во западните подножје на Пирин планина, на надморска висина од 258 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 938 км2. Теренот е полупланински и климата се карактеризира со слаби зими и топли лета. Низ селото тече реката Забрдна. Селото има редовна автобуска линија со Свети Врач и соседните села.
ИсториjaУреди
Османлиско ЦарствоУреди
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Долне Ормане Ласкарево (Dolné Ormané Laskarévo) е наведено како село со 42 семејства и 140 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов го споменал селото, кое во тоа време било мала на селото Орман:
Орман, на СЗ од Мелник 1 1/2 час пат. Изградено е на едно ридско место. Се раскажува дека ова место некогаш било непроодна шума, оттука и името на селото; и сега остатоците од оваа шума се видливи под селото. Куќите се распространети во текот на 1/2 час и се поделени во неколку населби. Главни се Горни Орман или Ласкарево и Долни Орман или Ладарево. Локална приказна раскажува дека овие села и Склавие биле населени од тројца браќа: Ладар, Ласкар и Славко, по кого биле именувани. Се сее сусам, памук, анасон и жито, а се занимават и со лозарство. За двете маали има една црква „Света Марина“; се чита мешано; училиште нема. В селото се гледаат остатоци од уште две цркви: Св. Спас и Св. Атанас. Во Ладарево 60 куќи, во Ласкарево 30, сите бугарски.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 160 жители, сите Македонци[1][4].
БугаријаУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Денес, во селото има кметство, црква, продавници и куќи за гости. Формирана е ловна група. Постојат здравствени и образовни институции во соседното село Склаве (3 км) и во општинскиот град Свети Врач (7 км). Природните услови придонесуваат за одгледување на индустриски и постојани култури - главно лозови насади, како и одгледување на животни.
Население[1][5]Уреди
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 543 | 570 | 551 | 554 | 435 | 373 | 339 | 257 | 205 | 167 |
![]() |
ЗнаменитостиУреди
Зачувани се пет згради со статус на споменици на културата во Ласкарево. Тие се од типот на огражденско-малешевската архитектура. На југот на селото се наоѓаат траги од населби кои датираат од првиот милениум п.н.е., како и остатоци од римската ера поврзани со античкиот град Свети Врач. Најмалиот град во Бугарија, Мелник, се наоѓа на 14 километри од селото.
Редовни настаниУреди
Секоја година во селото има собир по повод Спасовден. Литургија се одржува во храмот „Свети Спас“.
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 27.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Ласкарево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.