Ивановосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Иваново
Иваново is located in Пиринска Македонија
Иваново
Иваново
Местоположба на Иваново во Пиринска Македонија
Координати: 41°32′0″N 23°7′0″E / 41.53333° СГШ; 23.11667° ИГД / 41.53333; 23.11667Координати: 41°32′0″N 23°7′0″E / 41.53333° СГШ; 23.11667° ИГД / 41.53333; 23.11667
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Надм. вис.&10000000000000790000000790 м
Население (2015)
 • Вкупно8
Часовен појасEET
 • Лете (DST)EEST (UTC)

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на 38 километри северозападно од градот Петрич и на 40 километри западно од Свети Врач, во севериот дел на планината Огражден. Селото се наоѓа на надморска висина од 790 метри. Село Иваново се намира в северните склонове на планината Огражден. Соседни села на Иваново се Крнџилица и Драгуш.

ИсториjaУреди

Османлиско ЦарствоУреди

Според легендата, селото Иваново било основано пред повеќе од два века од жители на Берово, кои побарале прибежиште од некој турски насилник и нашле заштита недалеку од легендарниот Марков врв.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Иваново (Yvanovo) се состоело од 42 куќи од кои 172 Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 175 жители, сите Македонци[1][3]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 184 македонски егзархисти[4].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[5].

БугаријаУреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Пред одземањето со земјиштето, околу 360 луѓе живееле во селото и во соседната населба Занога. По 1960 година, населението масовно го напуштило селото. Голем дел од жителите на селото Иваново и нивните потомци денес живеат во градот Петрич и селото Парвомај.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848