Парил
Парил (бугарски: Парил) — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Парил | |
---|---|
Координати: 41°26′N 23°41′E / 41.433°N 23.683°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Хаџидимово |
Површина | |
• Вкупна | 19,948 км2 (7,702 ми2) |
Надм. вис. | 915 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 8[1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2926 |
Историја
уредиРана историја
уредиПарил е село со богато историско минато. Во атарот на селото биле откриени археолошки остатоци од различни историски епохи. Во близина на Парилската кула биле откриени ѕидини на римска населба и аквадукт. И денес по нивите можат да се најдат стари монети како доказ за интензивен населбен живот.
Отоманско Царство
уредиВо текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Неврокопската каза на Серскиот Санџак во рамките на Отоманското Царство. Црквата „Свети Константин и Елена“ била изградена на почетокот на 19 век[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Парил (Paril) имало 35 домакинства и живееле 130 Македонци.[4] [5]Според Стефан Верковиќ, на крајот на 19 век, Парил претставувало чифлик со 45 куќи.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Македонци.[4][7]Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 432 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало основно училиште со 1 учител и 12 ученици.[8]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 6 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[9]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Географија
уредиСелото Парил се наоѓа во планинска област во историско-географската област Мрвачко. Се наоѓа во подножјето на Цари Врв во планината Славјанка (Алиботуш) и јужните падини на планината Пирин. Парилското седло ги дели овие две планини. Селото е почетна точка за планинарскиот дом Славјанка и за пешачење по истоимената планина со своите извонредни природни карактеристики и пештери. Девственоста на областа е надополнета со бројни билки, чист воздух, прекрасна вода и многу повеќе. Биосферниот резерват Алиботуш се наоѓа во Славјанка, кој има различни растителни видови: црна и бела ела, планински чај и тис.
Источно од селото, во областа Кулата, бил пронајден керамички материјал зачуван во Гајтаниново, што укажува на присуство на живот од раниот период на железното време. Зачувани се остатоци од антички ѕид на тврдина, делумно користен во средниот век. Во подножјето на Славјанка има рудници за железна руда кои биле ископани до 1960 година.
Население
уредиСпоред пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[10]
Број на население | |
Вкупно | 17 |
Бугари | 17 |
Турци | - |
Роми | - |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | 1 |
Стопанство
уредиВо селото нема економски објекти. Само една гостинска куќа прима туристи во текот на целата година. Селото е достапно во текот на целата година по асфалтиран пат кој го поврзува општинскиот центар Хаџидимово со селото Катунци и Петрич. Патот е планински и тежок во зимски услови.
Институции
уредиВо Парил нема никакви административни институции. Основното училиште „Свети Климент Охридски“, основано во 1933 година е затворено, бидејќи во селото нема ученици.
Личности
уреди- Родени
- Ѓорѓи Алачев (Алачов), член на Македонско-одрински доброволни чети[11]
- Ташко Парилски, македонски револуционер
Занимливости
уредиПарил Седл на Антарктикот е именуван по селото.[12]
Наводи
уреди- ↑ www.grao.bg
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 99. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 111 – 124. ISBN 954-9308-51-0
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 112-113.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 869
- ↑ Попис на населението од 2011 година
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 15. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Paril Saddle. SCAR Composite Gazetteer of Antarctica