Боголин
Боголин — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Боголин | |
---|---|
Координати: 41°33′N 23°58′E / 41.550° СГШ; 23.967° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Сатовча |
Површина | |
• Вкупна | 5.344 км2 (2,063 ми2) |
Надм. вис. | 947 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 437 |
• Густина | 0,082/км2 (0,21/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2931 |
Повик. бр. | 07547 |
Географија и местоположба
уредиСелото Боголин се наоѓа на 13 километри источно од Хаџидимово и на 20 километри јужно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 947 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 5.344 км2. Селото се наоѓа во долината на реката Бистрица помеѓу селата Абланица и В’лкосел, и спаѓа во историко-географската област Чеч.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиЛегендата за основањето на селото раскажува дека Боголин своите почетоци ги имало во соседното село В’лкосел. Според неа, во В’лкосел живеел човек со прекар Чумарја, кој избегал од таму и се населил на ова место. Бидејќи побегнал од таму, го добил името Бегалин Чумар и со тоа го дал името на селото[1]. Според друга легенда, името на селото потекнува од некој „бог Лин“.[2]
Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боболина (Bobolina) е село со 12 семејства и 38 помаци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 65 жители, сите Помаци[5] и 13 куќи[6]. Според Стефан Верковиќ, кон крајот на 19 век, во Боголин живееле 40 машки муслимани во 12 куќи[7].
Во 1899 година, селото имало население од 158 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство[8]. Според Димитар Хаџанов, 1692 Помаци живееле во Абланица, Боголин и Крибул во 1916 година[9].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население
уредиГодина | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 174 | 186 | 226 | 286 | 318 | 393 | 464 | 466 | 418 | 437 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 89 | 91,75% |
Турци | 6 | 6,19% |
Вкупно | 97 |
Општествени установи
уредиВо селото постои основно училиште наречено „Св. Паисиј Хилендарски “. Училиштето било отворено на 15 септември 1926 година. Првиот учител во селото бил Ангел Стефанов Стоилков од селото Узем. По него дошле Апостол Василев Георгиев од Петрич, Костадин Георгиев Денев, Георги Петков Панајотов и други. Во истата година, бил избран училиштен одбор за да обезбеди училници, да ги снабдува со учебници, ормари, контејнери и додатоци. Со оглед на неодамнешното насилно крштевање, населението во тоа време било премногу непослушно во училиштето, а учителот се сметал за „непријател“ на населението. Со текот на времето, тие започнале да го прифаќаат училиштето и да го менуваат ставот кон тоа. Од 1970 до 1990 година директор на училиштето бил Георги Николов Попов. Од 1990 година Красимир Недков Даутев е директор на Боголин. Во 1993 година училиштето било трансформирано во основно.
Личности
уреди- Емил Бисеров Јуруков – политичер
- Здравко Славиев Дренчев – лекар
- Владимир Тошков Балкански - лекар
- Климент Тошков Балкански - лекар
Наводи
уреди- ↑ Сюлейман Моллов, сп. Родопи, кн. 11, 1969, с. 18.
- ↑ Сребранов, Румен (2007). Чечкият говор. София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 17. ISBN 978-954-322-230-8.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 195.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 274.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Зеленгора, Георги. Помаците в Турция
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.