Горно Спанчевосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Горно Спанчево
Горно Спанчево is located in Бугарија
Горно Спанчево
Горно Спанчево
Местоположба во областа
Горно Спанчево во рамките на Пиринска Македонија
Горно Спанчево
Местоположба на Горно Спанчево во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°30′N 23°30′E / 41.500° СГШ; 23.500° ИГД / 41.500; 23.500
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна14.863 км2 (5,739 ми2)
Надм. вис.&10000000000000477000000477 м
Население (2015)
 • Вкупно85
 • Густина0,0.057/км2 (0,015/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2800
Повик. бр.0746

Географија и местоположба уреди

Селото Горно Спанчево се наоѓа на 37 километри југоисточно од Свети Врач и на 21 километри североисточно од бугарско-грчката граница кај Кулата, додека од најмалиот град во Бугарија, Мелник, е оддалечен 27 километри.

Селото Горно спанчево подножјето на планината Пирин, во долината на реката Пиринска Бистрица, на надморска висина од 477 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 14 863 км2. Климата е променливо-средоземна, која се одликува со рана пролет, топло лето, кратка есен и блага зима. Природните и климатските услови се поволни за сточарството и одгледување постојани култури, главно лозје. Главниот пат поминува од селото Катунци до градот Неврокоп преку преминот Попови Ливади.

Историја уреди

Османлиско Царство уреди

Во XIX век, Горно Спанчево било дел од Демирхисарската каза. Во 1876 година, црквата Света Петка била изградена на местото на постар храм и денеска црквата претставува споменик на културата[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Спанчово (Gorne-spantchovo) е село со 42 семејства и 130 Македонци[2][3].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Спанчово, до Бистрица, на С од Валовишта 6 часа. Патот е лош и со камен; го следи текот на реката Бистрица. Земјоделци, овчари и железари. Една грчка црква и училиште исто така со 32 ученици. 60 куќи[4]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 30 Власи и 250 Македонци[2][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 17 ученици[2][6].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Денес селото е добро одржувано - има електрична енергија, водоснабдување, телефонска мрежа и продажни места. Хидроцентралата „Спанчево“ била изградена покрај реката Пиринска Бистрица. Медицинските услуги и училиштата се наоѓаат во соседното село Катунци, кое е оддалечено 9 километри.

Население[2][7] уреди

Население на Горно Спанчево по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 257 336 386 325 245 204 184 144 80 85
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Туризам уреди

Селото има прекрасни услови за еко и рурален туризам, со можност за пешачење до врвот на областа Вихрен и областа Попови Ливади.

Локалната црква „Света Петка“ била изградена во 1876 година, и денеска претставува споменик на културата. Остатоците од тврдината Горно Спанчево се наоѓаат во долината на реката Пиринска Бистрица. Најверојатно, тврдината го чувала патот што ги поврзувал долините на реките Струма и областа Попови Ливади.

Редовни настани уреди

Редовен настан е соборот на Горно Спанчево кој се одржува секоја година на 25 и 26 јули.

Личности уреди

Родени во Горно Спанчево
  • Ангел Харизанов (1870 – 1902), македонски револуционер, деец на ВМОК, роден во Горно или Долно Спанчево
  • Ѓорѓи Спанчовалијата (1869 – 1903), македонски револуционер, деец на ВМОРО
  • Паскал Апостолов, доброволец во Македонските черти [9]
  • Димитар Захов, македонски национален деец

Наводи уреди

  1. Енциклопедия Пирински край, том 1. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 221. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 854.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Горно Спанчево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 49.