Гореме — село во Општина Струмјани.

Гореме
ЗемјаБугарија
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)


Географија и местоположбаУреди

Селото Гореме се наоѓа во источниот дел на Малешевските Планини со надморска височина од околу 850 м. Климата е умерено-континентална со одредени карактеристики на медитеранска и планинска клима.

ИсторијаУреди

Во месноста Стара населба (северозападно од селото) се пронајдени остатоци од доцноантичка населба. Североисточно од него, во месноста Крсто, има античка некропола. Од тука произлегува откритието на околу 1600 бакарни византиски монети од крајот на 12 и првата половина на 13 век. Средновековната населба се појавила во месноста Црковен (околу 9 км северозападно од селото). Според Јордан Заимов се нарекувале Црковене или Црковјане. Во првата полвина на 17 век жителите го напуштаат и се воспоставуваат на местото на денешното село.

Со имињата Гореми и Горелина селото се споменува во отомански регистри од 1611-1617, 1650 и 1660. Егзистенцијата на населението во 19 век се состои од сточарство (овци, кози, свињи), и земјоделство (пченка, ‘рж, јачмен). Во 1860 на местото на мал параклис од 1804 е изградена црквата "Свети Димитар" (сега споменик на културата).

Во преродбата селото е мала населба со чисто словенско население, припаѓајќи најпрво кон Мелнишката каза, а по 1878 во Петричко на Серскиот санџак. Во 1873 година, Гореме (Gorémi) е посочено како село со 82 домаќинства, со 220 жители.

За време на Македонското востание 1878-1879 е формирана локална чета со војвода Стојан Јанчов. Во Горене и селата Добри Лаки и Игралиште се пријавиле околу 400 доброволци. Петмина жители од селото потпишале петицијата на бегалци од Македонија до генералниот конзул на Велика Британија со барање да бидат ослободени од османлиска власт (5 декември 1878).

Во 1890 година е отворено основно училиште. Училишната зграда е изградена со средства на Мите Бркадански. На крајот на 19 век се споменува селото под името Гореме со 800 жители христијани.

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди