Склаве
Склаве — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Склаве | |
---|---|
Координати: 41°31′N 23°19′E / 41.517° СГШ; 23.317° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 9.034 км2 (3,488 ми2) |
Надм. вис. | 183 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 1.467 |
• Густина | 0,16/км2 (0,42/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2811 |
Повик. бр. | 07435 |
Географија и местоположба
уредиСелото Склаве се наоѓа на 12 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 183 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.034 км2.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтери од 1638, 1652 и 1670 година[1].
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Славе (Slavé) е село со 62 семејства со 70 Турци и 290 Македонци[2][3].
Во 1891 низ селот поминал Васил К’нчов, кој за селото запишал:
Повеќето од селото Склаве веќе беше видливо. Ова место е извонредно бидејќи во него се одбележува голем панаѓур, кој трае три дена на Св. Троица. Панаѓурот се вика Св.Торица. Мора некогаш да постоел имало Св. Троица. Според легендата, некогаш се водела голема битка меѓу Турците и Бугарите, а потоа селото Склаве или Славе било уништено. Главно живата стока се троши на панаѓурот.[2][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Склавие, село кое се наоѓа на едно рамниште, од Спатово на СЗ 1⁄2 час. Има неколку куќи, чифлик на тамошни аги. Разкошни ниви и ливади наоколу. 26 куќи, Турци, бугари и цигани. Пред „Света Троица“ 1 ден тук се одржува панаѓур од жива стока и трае два дена.[2][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 596 жители, од кои 200 Турци, 96 Роми и 300 Македонци[2][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][7].
За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија[8].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По војните во селото се населиле бегалци од лагадинските села Богородица, Зарово и од серските Герман, Горно Порој, Крушево и Крчово[9] Дел од жителите на селото се доселеници од пиринското село Држаново (денес напуштено).
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 881 | 1095 | 1104 | 1566 | 1599 | 1670 | 1679 | 1559 | 1464 | 1467 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 1070 | 91,3 % |
Турци | 8 | 0,68 % |
Роми | 86 | 7,34 % |
Вкупно | 1172 |
Култура
уредиСите жители на селото се православни христијани. Селската црква се нарекува „Св. Троица“. Освен оваа, во селото постои и црквата „Св. Петка“ која се наоѓа на гробиштата. По напуштањето на црквата во блиското село Шатрово, иконите и дел од останатиот инвентар во 1960 година биле пренесени во тогашната нова црква „Св. Петка“, која во чест на онаа од село Шатрово, го добила истото име[13].
Селото има машка, женска и детска фолклорна група. Групите учествувале на многу натпревари и освоиле награди за народна творба во Копривптица.
Редовни настани
уредиДруг настан е соборот на црквата „Св. Дух“ кој се одржува на Духовден.
Секоја година има панаѓур кој датира од римско време. Овој панаѓур во минатото претставувал пазар на робови, од каде произлегува и името на селото „склав“ од латинскиот „роб“. Според некои неофицијални извори, на овој пазар бил продаден водачот на најголемото анти-римско востание на робовите Спартак. Според други неофицијални извори, токму во ова село се родил Спартак. Неодамна, панаѓурот е еден од најголемите регионални пазари за животни. Борбите се организираат и на годишно ниво. Обично се одвива околу 15 јуни.
Друг настан е собирот во црквата на Духовден. Собирот се одржува неколку дена пред празникот на црквата.
Спорт
уредиВо 1962 година во селото бил основан фудбалски клуб Спартак. Поради недостаток на финансирање, спортистите имале обични дресови. Клубот се натпреварува во аматерската бугарска лига, и нема играно во поквалитетните фудбалски бугарски лиги.
Личности
уреди- Александар Томов (р. 1949), повеќекратен европски и светски шампион во борење
- Захарин Илиев (р. 1940) бугарски генерал
- Темелко Хаџи-Јанев (1848 – 1913), бугарски општественик
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 262
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
- ↑ Кънчов, Васил. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр. 156.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 25.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
- ↑ Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
- ↑ Енциклопедия "Пирински край". Том 2, Благоевград, 1999, стр.262
- ↑ 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Склаве , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ Столинчев, Ангел (2015). Църква: летопис на духовна околия Сандански, и на църковния разкол в отечеството летопис: дневници, спомени, документи, кореспонденция, църковни, исторически, етнографски, фолклорни, краеведски проучвания, Том I. София: Синева. стр. 717, 727. ISBN 9786197086119.