Цапарево
Цапарево (бугарски: Цапарево) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Цапарево | |
---|---|
Координати: 41°38′N 23°6′E / 41.633° СГШ; 23.100° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Струмјани |
Површина | |
• Вкупна | 2,849 км2 (1,100 ми2) |
Надм. вис. | 855 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 94 [1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2834 |
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиВо текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Мелничката каза а по 1878 година, на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.Црквата „Свети Димитар“ била изградена во 1847 година.[3]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Цапарево (Tsaparévo) имало 92 домаќинства со 320 Македонци.[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители, сите Македонци.[5][6]Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 4 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Географија
уредиСелото Цапарево се наоѓа на околу 42 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 9 километри западно-југозападно од општинскиот центар Струмјани и на околу 16 километри северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во јужните делови на Малешевските Планини, на надморска височина помеѓу Цапаревска Река - од север и североисток, и нејзината мала десна притока - од југ. Надморската височина во центарот на селото е околу 730 m, се зголемува кон неговиот западен дел на околу 790 m, а на падините на север, исток и југ значително се намалува.
Општински пат од Цапарево кон југозапад води до крак од третокласен Републички пат III-1008, кој доаѓа од исток од село Струмјани преку село Микрево, а на запад - со отстапување кон с. Горна Рибница, води до селото Клепало.
Атарот на селото Цапарево се граничи со атарите на: селото Гореме на север; селото Крпелево на североисток и исток; селото Седелец на југоисток и југ; селото Колибите на југозапад; селото Добри Лаки на југозапад; селото Раздол на запад; селото Горна Рибница на северозапад.
Во атарот на селото Цапарево има 10 микробрани.[9]
Година | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Год | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
Жителей | 1061 | 1195 | 1223 | 1061 | 813 | 609 | 465 | 336 | 201 |
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[12]
Број на население | |
Вкупно | 201 |
Бугари | 199 |
Турци | - |
Роми | 4 |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | 2 |
Личности
уредиНаводи
уреди- ↑ www.grao.bg
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ // Община Струмяни. Посетен на 18 декември 2015.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 886
- ↑ Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Цапарево; към 2022 г.
- ↑ 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Цапарево, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Попис на населението од 2011 година