Кулата
Кулата или Кула (бугарски: Кулата/Кула) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Во минатото се нарекувало Петричка Кула, за да се разликува од блиското село Кула (Серска Кула) во Егејска Македонија, денес преименовано во Палеокастро.
Кулата Кулата | |
---|---|
Црквата „Св. Атанасиј“ во Кулата | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Петрич |
Управа | |
• Кмет | Димитар Манолев (независен) |
Површина | |
• Вкупна | 8,27 км2 (319 ми2) |
Надм. вис. | 105 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 834 |
Пошт. бр. | 2868 |
Повик. бр. | 07425 |
Рег. таб. | Е |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, на левиот брег на реката Струма. Се наоѓа крај самата граница помеѓу Пиринска и Егејска Македонија, т.е. најблиско населено место до бугарско-грчката граница по патот Софија - Солун (Европски пат Е79), како и крајна точка на бугарскиот Републички пат I-1 и автомагистралата „Струма“. Поради тоа, тука е сместена царинарницата „Кулата“, во чија надлежност е „Златарево“. Овде е граничниот премин „Кулата-Драготин (Промахон)“.
Историја
уредиДенешното село Кулата е наследник на стара средновековна населба. Во 1950-те, во училишниот двор се откриени темелите на триконхална средновековна црква, која го опслужувала населението од X до XII век. Освен тоа, околу стариот храм се најдени и неколку гробови, во временски распон од X до XIX век. Името на оваа стара населба е непознато, но се претпоставува дека играл улога на заштита на важниот премин низ Рупелската Клисура.[1]
Во XIX век Кулата било мало македонско чифлигарско село во Демирхисарската каза. Во 1830-те, францускиот геолог Ами Буе поминал низ селото и го опишал вака:
„ | На една лига од Бистрица има мала кула, или стара турска стражарница, наречена Кула, обиколена со неколку куќи и добро обработени ниви.[2] | “ |
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кула (Koula) било село со 20 домаќинства сочинети од 65 Македонци.[3][4]
Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Кула, чифлик во Рупелската Клисура на рид. Нивите сè до Бистрица; има и многу оризарници. До селото, Бистрица се влева во Струма; низ ова село минува и патот за Џумаја, Мелник. Околното поле е плодно во секој поглед бидејќи земјата се кисне, така да се каже, во водата. 20 македонски куќи.[3][5] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Кула броела 110 жители, сите Македонци-христијани.[3][6]
Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. селото веќе прешло во состав на Мелничката каза. Населението на Кулата (Koulata) се состоело од 96 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[3][7]
Во октомври 1925 г. за време на грчко-бугарскиот пограничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото Кулата е окупирано од грчката армија.
Установи
уреди- Кметство
- Основно училиште „Св. Кирил и Методий“
- Читалиште „Гоце Делчев“
- Црква „Св. Атанас“
Слики
уреди-
Кметството
-
ОУ „Св. Кирил и Методиј“
-
Читалиштето „Гоце Делчев“
-
Воениот споменик на сретселото
Личности
уреди- Александар Манолев (р. 1976) — политичар, заменик-министер
- Димитар Панделиев (1927 – 1995) — драматург и писател
- Емил Рупел (р. 1939) — писател
- Љубен Пехливанов (р. 1943) — офицер, генерал-полковник
- Никола Антонов — учител-педагог, борец во Балканските војни во четата на Таската Серски; можно е да е од Серска Кула[8]
- Лија (Емилија Парушкова; р. 1970) — пејачка
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Милчев, Атанас (1960). „Триконхална църква в околността на с. Кулата, Благоевградско. Археологически разкопки и проучвания в долината на Средна Струма“. Годишник на Софийския университет. Философско-исторически факултет. I: 401–449.
- ↑ Френски пътеписи за Балканите, XIX век“. София, Наука и изкуство, 1981, стр. 343.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 138-139.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 856.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.192-193.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 46.
Надворешни врски
уреди„Кулата“ на Ризницата ? |
- Историја на с. Кулата — книга (бугарски)
- „Дедо“ Архивирано на 19 октомври 2013 г. — напис за иселениците од Кулата од Геогри Брдаров (бугарски)