Покровник (Петричко)

село во Петричко, Пиринска Македонија

Покровник (бугарски: Дрангово од 1932, во периодот од 1951-1962 - бугарски: Свобода[1]) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Покровник
Дрангово
Влезот на селото
Влезот на селото
Покровник is located in Бугарија
Покровник
Покровник
Местоположба во областа
Покровник во рамките на Пиринска Македонија
Покровник
Местоположба на Покровник во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°25′N 23°17′E / 41.417° СГШ; 23.283° ИГД / 41.417; 23.283
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна8.622 км2 (3,329 ми2)
Надм. вис.&10000000000000192000000192 м
Население (2015)
 • Вкупно488
 • Густина0,057/км2 (0,15/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2859
Повик. бр.0745
Црквата „Св. Петка“

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на магистралниот пат Петрич - Гоце Делчев, 7 км од Петрич и 12 км од Кулата. Сместено е на северните падини на Беласица. Климата се одликува со топли и суви лета, благи и дождливи зими. Често има режим на вода во текот на летните месеци. Во селото нема невработеност. Атарот на селото зафаќа простор од 8.622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 192 метри.

Историја

уреди

Селото било создадено по крајот на Балканските војни во 1913 година од бегалците од Егејска Македонија, кои Грците ги протерале од нивните родни места. Овде биле сместени бегалци од селата Спатово, Дервент и Ерниќој. Прват местоположба на селото е спротивна на нејзината сегашна.

Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.

Население[2][3]

уреди
Население на Масли Чифлик по попис[2]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 277 446 492 539 552 569 545 521 528 488
Население по возраст
од 2011 година
[4]:

Културни знаменитости

уреди
  • Војнички споменик Дрангова чешма, изградена во 1916 година
  • Биста на полковникот Борис Дрангов.
  • Бугарски храм „Св. Петка“
  • Капела „Свети Илија“

Наводи

уреди
  1. А.М. Чолева-Димитрова, Селищни имена от Югозападна България, 2002, Pensoft Publishers, ISBN 9546421685, 9789546421685, стр. 57
  2. 2,0 2,1 „Справка за населението на с. Дрангово , общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.