Крпелево (бугарски: Кърпелево) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Крпелево
Крпелево is located in Бугарија
Крпелево
Крпелево
Местоположба во областа
Крпелево во рамките на Пиринска Македонија
Крпелево
Местоположба на Крпелево во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°38′N 23°7′E / 41.633° СГШ; 23.117° ИГД / 41.633; 23.117
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Површина
 • Вкупна14,465 км2 (5,585 ми2)
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2024)
 • Вкупно18 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2825

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ датира од 40-те години на XIX век.[3]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кърпел (Kërpel) имало 38 домаќинства со 110 Македонци.[4] [5]

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија

уреди

Селото Крпелево се наоѓа на околу 40 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 7 километри западно од општинскиот центар Струмјани и на околу 16 километри северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во југоисточните делови на Малешевските Планини, на околу 4 km југозападно од селото Каменица и на 5 km од десниот (западен) брег на реката Струма.

Надморската височина кај црквата „Успение Богородично“ во југоисточниот дел на Крпелево е околу 565 м и се издигнува на околу 640 м во северозападниот дел, а на околу 610 м во јужниот дел.

Западно од Крпелево кон селото Вракуповица, а на исток кон селото Каменица води општински пат без асфалтен коловоз.

Атарот на селото Крпелево се граничи со атарите на: селото Вракуповица на север; селото Горна Крушица на североисток; село Каменица на исток; селото Микрево на исток и југоисток; селото Седелец на југ; селото Цапарево на југозапад; селото Гореме на запад.

Население[4][6]

уреди
Население на Крпелево по попис[6]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 299 429 376 269 191 119 90 65 37
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[8]

Број на население
Вкупно 37
Бугари 29
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор 8

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 495. ISBN 954-90006-1-3.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  6. 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Кърпелево, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  8. Попис на населението од 2011 година