Љубовишта (Пиринско)
Љубовишта — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Љубовишта Любовище | |
---|---|
Поглед кон селото | |
Координати: 41°32′N 23°27′E / 41.533° СГШ; 23.450° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 6.475 км2 (2,500 ми2) |
Надм. вис. | 507 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 21 |
• Густина | 0,0.032/км2 (0,0.084/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2820 |
Повик. бр. | 07437 |
Географија и местоположба
уредиСелото Љубовишта се наоѓа на 29 километри југоисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 507 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 6475 км2.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСпоред академикот Иван Дуриданов етимологијата на името Љубовишта доаѓа од -ишти од личното име Љубо.[1]
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовица (Libovitsa) било село со 22 семејства и 70 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители, од кои 50 Турци и 200 Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 македонски патријаршисти, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][5].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 317 | 378 | 383 | 264 | 83 | 55 | 42 | 36 | 19 | 21 |
Наводи
уреди- ↑ Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 186.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
- ↑ 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Любовище, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.