Осеново
Осеново — село во Општина Банско, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Осеново Осеново | |
---|---|
Координати: 41°47′N 23°44′E / 41.783° СГШ; 23.733° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Банско |
Надм. вис. | 1.262 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 78 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2774 |
Повик. бр. | 0746 |
Географија и местоположба
уредиКон крајот на XIX век, жителите на старо Осеново се доселуваат на местото каде што се наоѓа денешното село, на околу 6 километри југоисточно од старото село.
Оддалечено е 28 километри југоисточно од Банско и 34 километри северно од Неврокоп. Се наоѓа на надморска височина од 1262 метри.
Историја
уредиЦрквата „Успение на Пресвета Богородица“ е изградена во 1830 година.[2]
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Осеново е село со 75 домаќинства и 250 жители, Македонци.[3]
Во 1889 година Стефан Верковиќ во својата книга „Топографско-етнографски опис - Македонија“ го споменува Осенову како село во 75 македонски[4] куќи.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.864 жители, од кои 1.550 Македонци муслимани, 300Македонци[4] и 14 Роми.[6]
Во 1905 година врз темелите на постар храм е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“[2]
Стопанство
уредиДемографија
уредиОсеново е мало село. Според пописот од 2011 година во селото живееле 78 жители, сите запишани како Бугари.[4][7]
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиПотомци на селото, кои во моментов живеат раселени низ цела Бугарија, имаат изградено црква посветена на „Успение на Пресвета Богородица“ во 2005 година, на местото на црквата во старото село Осеново.
Легенди
уредиНад денешното село се издигаат варовнички карпи, кои мештаните ги нарекле Свети Илија. Легендата вели, дека секоја година на ден пред Илинден од шумата слегувал елен на тоа место, кои луѓето го уловувале и го принесувале како жртва на светецот.
Меѓу населението се зборува, дека селото Осеново коешто се наоѓа во источниот дел на Бугарија, во близина на Варна, исто така е основано од жители на истоименото пиринско село Осеново.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
- ↑ 2,0 2,1 Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 85. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234 – 235.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Горно-Джумайска Каза“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 191.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 1 февруари 2011 г.“. Архивирано од изворникот на 5 април 2013. Посетено на 2012-03-18. Text "language" ignored (help)