Клепало (село)

село во Петричко, Пиринска Македонија

Клепало (бугарски: Клепало) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Клепало
Клепало
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаПетрич
Управа
 • КметЕмил Илиев (ОЗ)
Надм. вис.&100000000000010530000001.053 м
Население (2015)
 • Вкупно35
Пошт. бр.2837
Повик. бр.074344
Рег. таб.Е

Географија

уреди

Селото е сместено во Малешевските Планини. Лежи во непосредна близина на границата со Р Македонија. Најблизок град е Берово. Најблиски пирински села се Раздол (7 км), Добри Лаки (5 км), а пооддалечени се Цапарево (17 км) и Микрево (30 км). Градот Свети Врач (Сандански) е на растојание од 45 км, а Горна Џумаја (Благоевград) е на 85 км. Патот од Микрево за Клепало е во мошне лоша состојба, но попроблематична е делницата Илинден-Студената Вода.

Недалеку од селото, на самата македонска граница се наоѓа предвидениот граничен премин „Клепало“, кој уште во 1993 г. е подготвен од македонска страна (асфалтиран пат и гранични објекти), но останал неостварен од бугарската.[1]

Историја

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клепала (Klépala) било село со 6 домаќинства од 25 жители Македонци.[2][3] Во 1902 г. населението зело учество во Горемското востание. Во 1922 г. е отворено првото училиште.

Селото денес

уреди

Селото има една црква, „Св. Петар и Павле“, изградена по 1997 г. На 1 јануари 2018 г. населението броело околу 20 жители.

Стопанство

уреди

Мештаните се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Редовни настани

уреди

Селска слава е Петровден.

Занимливости

уреди

Ридот Клепало на Антарктичкиот Полуостров е наречен по селото.[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 2011.08.10. Новите премини остареа неотворени. dnevnik.com.mk Архивирано на 21 септември 2011 г.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
  4. Справочник на българските географски имена в Антарктика. Комисия по антарктическите наименования. София, 2015.
  5. Klepalo Hill. Архивирано на 18 ноември 2015 г. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.