Тешово
Тешово — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Хаџидимово на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 128 жители (2024).
Тешово | |
---|---|
Поглед кон Тешовската кула | |
Координати: 41°28′N 23°42′E / 41.467° СГШ; 23.700° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Хаџидимово |
Надм. вис. | 960 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 128 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Мрвачко, околу 25 км југозападно од градот Неврокоп, во јужните делови на масивот Пирин, во источното подножје на врвот Св. Петар (1.757 м), на надморска височина од 960 м. Други околни врвови се Свештник (1.975 м), Муторок (1.970 м), Ѓоргов Гроб (1.560 м), Св. Константин (1.750 м), Чинило (1.417 м) и други.[1]
Атарот на селото е најголем од околните села, во чиј простор се издигаат бројни ридови и возвишенија, меѓу кои највисоки се Чифлиштето, Кукла, Караборум, Св. Недела, Ваљов Камен, Кукул Камен итн.
Историја
уредиВо сретселото е зачувана средновековна камена кула, прогласена за споменик на културата во 1970 г.[2]
Во Отоманското Царство
уредиВо XVIII–XIX век Тешово било едно од најголемите центри на железарството во Мрвачко. Во селото работеле бројни печки и неколку самокови, од кој последниот престанал да работи во 1916 година. Работеле и многу ковачи, кои го продавале изработеното железо во поголемите трговски центри во Егејска Македонија и Бугарија – во Валовишта, Сер, Солун, Зелјахово, Драма, Алистратик, Нигрита, Правишта, Кавала, Пазарџик, Пловдив. Кон крајот на XVIII век во селото работела и работилница за производство на ѓулиња, користени од турската војска во правишката касарна.[3]
Црквата „Св. Димитриј“ била изградена во 1843–1844 г. Во 1858 г. е отворено грчко училиште, придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци. Во 1873 година било претворено во егзархиско училиште, каде предавал Иван Поп Николов до 1880 г.[4]
Во XIX век Тешово било големо македонско-турско село во Неврокопската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Тешево (Téchévo) имало 159 домаќинства и 65 жители муслимани и 470 жители Македонци.[5][6] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Тешјуво со 130 македонски и 23 турски домаќинства.[5][7]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото запишал[5]:
„ | Тешово, 4 часа југозападно од Неврокоп. Лежи на источната падина на Али Ботуш. Над селото во шумата извира поток, кој тече низ селото и Л'ки. Бугарска црква „Св. Димитриј“, бугарско училиште со 45 ученици. Сега има и гркоманска партија. Причината е силниот град испратен од Провидението да ги казни нечесниците кои не го признаваат грчкиот владика. 230 куќи; 200 македонски и 30 турски.[8] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Тешово имало 1.380 жители, од кои 1.200 Македонци, 120 Турци и 60 Роми.[5][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тешово имало 1.600 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 58 ученици.[5][10]
Во извештај поднесен на митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели[5]:
„ | С. Тешово... селото е сместено на стрмно место во близина на шумата, на падините на Пирин. Низ селото тече Тешовската Река. Има добра вода за пиење. Има и убави шуми и пасишта.
Тешово е село на Македонци и Турци. Има 193 македонски, а 26 турски куќи. Се занимаваат со земјоделство, сточарство, ќумурџиство и кираџиство. Во селото има рудници од кои се откопува железо, но веќе на работат. Црквата „Св. Димитриј“ е убаво, солидно здание. Има манастирски вид. Секоја година тука на Митровден се собираат голем број жители. Општината е добра. Има подарено голем часовник на црковната камбанарија.[11] |
“ |
Во Првата балканска војна, 9 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[12]
Во Бугарија
уредиПо крајот на Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Бугарија согласно Букурешкиот договор.
Население
уредиВо табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.237 | 1.399 | 1.354 | 1.297 | 933 | 643 | 554 | 309 | 187 | 131 |
Извор за 1934-2021 г.: Државен завод за статистика на Република Бугарија.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, изградена во 1843–1844 г.
Кули
- Тешовска кула — средновековна кула во сретселото
Редовни настани
уредиСелски слави
Личности
уредиРодени во Тешово
- Атанас Шабанов-Тешовалијата (1866–1905) — македонски револуционер и војвода на ВМОРО
- Вангел Јалов (?–1891) — ајдутин
- Иван Поп Николов (1853–1912) — македонски просветен деец и револуционер
- Никола Мечев (1869–1938) — македонски ајдутин и револуционер на ВМОРО
Починати во Тешово
- Георги Рачков (1892–1931) — македонски револуционер, роден во Горно Броди
Литература
уреди- Пелтеков, Александър. „Тешово“, Второ поправено и допълнено издание, София, 2006, 216 стр.
Наводи
уреди- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Старата кула“. Тешово. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 декември 2024.
- ↑ Георгиев, Георги. „Старата железодобивна индустрия в България“. София, 1978, стр. 133 – 135.
- ↑ Марков, Иван (2014). „Автобиографията на възрожденския учител Спас Прокопов от с. Гайтаниново, Неврокопско“. Македонски преглед (1): 194.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 234–235. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 194. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 112–113. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 - 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 80, 81.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 883. ISBN 954-9800-52-0.