Митиносело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Митино
Митино is located in Бугарија
Митино
Митино
Местоположба во областа
Митино во рамките на Пиринска Македонија
Митино
Местоположба на Митино во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°25′N 23°15′E / 41.417° СГШ; 23.250° ИГД / 41.417; 23.250
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна6.055 км2 (2,338 ми2)
Надм. вис.&10000000000000147000000147 м
Население (2015)
 • Вкупно354
 • Густина0,058/км2 (0,15/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2857

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 6 километри североисточно од градот Петрич, во Светиврачко-петричката Котлина, на десниот брег од реката Струмица. Атарот на селото зафаќа простор од 6.055 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 147 метри. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 500 мм. Почвите се делвијални и алувијални.

Ридот Митино на Антарктичкиот Полуостров е именуван по селото[1][2].

Историја

уреди

Митино е село со богата античка историја. Во селото се пронајдени археолошки остатоци од неолитско, бакарно, античко и средновековно време.

Османлиско Царство

уреди

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, 1649 и 1659-1660 година под името Митиново. Според првиот дефтер, во селото живееле 14 христијански семејства[3].

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓа на Петричката каза. Во месноста Аништата, кај селото имало голем ан, во кој престојувале трговските каравани од Струмичко и Егејско, патувајќи кон Мелник[4]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Митиново (Mitinovo) се состоело од 32 куќи, од кои 125 Македонци[5][6]

Во 1891 година, Георги Стрезов за Митино напишал:

Митин, чифлик на Вардовци од Петрич. Сместено е до десниот брег на река Струмица; од Петрич 112 час. Куќите се изградени на рид. Се одгледува ориз, бидејќи почвата е мочурлива покрај Струмица. Црква, во која се чите на бугарски. Куќи 45, Бугари.[5][7]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[5][8]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[9].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[10].

Бугарија

уреди

Селото било ослободено од отоманската власт во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на војната, селото било запалено при повлекувањето на грчката војска[11]. По околу една година, неговите жители се вратиле во селото. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Привремено во селото биле сместени бегалци од Егејска Македонија, кои во 1932 година се преселиле во денешното село Дрангово.

Население[5][12]

уреди
Население на Митино по попис[12]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 165 220 285 332 340 338 377 358 344 354
Население по возраст
од 2011 година
[13]:

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Справочник на българските географски имена в Антарктика. Комисия по антарктическите наименования. София, 2015.
  2. Mitino Buttress. Архивирано на 18 ноември 2015 г. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.639-640
  4. Енциклопедия "Пирински край". Том 1, Благоевград, 1995, стр.577.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  7. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 31.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 98-99.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863
  11. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  12. 12,0 12,1 „Справка за населението на с. Митино, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  13. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.