Блатска

селово Неврокопско, Пиринска Македонија (Денес во Општина Хаџидимово, Благоевградска област, Бугарија)


Блатска (бугарски: Блатска) — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област југозападна Бугарија.

Блатска
Блатска
Блатска is located in Бугарија
Блатска
Блатска
Координати: 41°32′04″N 23°51′55″E / 41.53432184437847°N 23.86538951971773°E / 41.53432184437847; 23.86538951971773
ЗемјаБугарија
ОпштинаХаџидимово
Површина
 • Вкупна10,3 км2 (40 ми2)
Надм. вис.&10000000000000532000000532 м
Население (2021)
 • Вкупно599
 • Густина5,8/км2 (15/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2941

Географија

уреди

Селото се наоѓа на подножјето на планината Доспат. Блатска лежи на левата страна од реката Места, на крајниот југоисточен дел од Неврокопското поле. Од општинскиот центар Долна Сингартија е оддалечено 2.2 киломерти североисточно, додека пак од градот Неврокоп е оддалечено 12 киломери југоисточно.

Историја

уреди

Над селото е антиката и средновековна тврдина Хисар.[1]

Во списокот на населените места со христијанско население, во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. Блатска (Бласка) е наведено како село во кое живеат 15 немуслимански семејства.[2]

Во XIX век Блатска било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ од 1873 г., Блатска (Blatska) е заведено како село со 40 домаќинства и 100 жители муслимани.[3] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон крајот на XIX век во Блатска имало 50 турски куќи.[4]

Според отоманскиот државен попис, во 1899 г. селото броело 215 жители.[5] Според Димитар Гаџанов во 1916 г. Блатска, Дабница и Фустане живееле 1.100 Македонци-муслимани[6][7].

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа површина од 10.3км². Западниот дел од атарот се користи во полјоделството, додека источната страна е покриена со шума и тревна вегетација.[8]

Демографија

уреди

Според пописот од 2021 година, селото имало 599 жители, со густина на населеност од 57 луѓе на километар квадратен.

Во пописот од 2011 година имало 618 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -0.29%.[9]

Општествени установи

уреди

На севетоисточната страна на селото, постои црква посветена на „Света Троица“, додека пак на југозападната страна на селото се наоѓа селската џамија.

Самоуправа и политика

уреди

Поштенски код на селото е 2941.

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „С. Блатска - крепост Исар тепе“. Български крепости. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 2015-11-29.
  2. Горозданова, Елена (2001). „Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история“. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8. Отсутно или празно |url= (help)
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131. Отсутно или празно |url= (help)
  4. Кънчов, Васил (1970). „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 274. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  5. Зеленгора, Георги (2012-01-02). „Помаците в Турция - 7“. Pomak News Agency. Архивирано од изворникот на 2012-07-14. Посетено на 2012-01-03.
  6. Наведени како „Помаци“. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
  8. „CORINE Land Cover 2018“.
  9. „City population“.