Крналово (бугарски: Кърналово) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Крналово
Крналово is located in Бугарија
Крналово
Крналово
Местоположба во областа
Крналово во рамките на Пиринска Македонија
Крналово
Местоположба на Крналово во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°27′N 23°13′E / 41.450° СГШ; 23.217° ИГД / 41.450; 23.217
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна15.342 км2 (5,924 ми2)
Надм. вис.&10000000000000113000000113 м
Население (2015)
 • Вкупно1.695
 • Густина0,11/км2 (0,29/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2860
Повик. бр.07424

Географија и местоположба

уреди

Селото Карналово се наоѓа на 8 километри северно од општинскиот центар Петрич во југоисточниот дел од планината Огражден во Петричката котлина. Климата е преодна средоземна со максимален зимски и летен минимум врнежи од дожд и придонесува за развој на раното производство на зеленчук. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 милиметри. Реката Струмица тече низ селото и претставува граница на својата територија на југ. Соседни села се Старчево и Михново. Недалеку од селото се наоѓа месноста Рупите. Селото се наоѓа на надморска висина од 113 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 15.342 км2.

Историја

уреди

Антички и средновековен период

уреди

Според легендата, селото било основано на подрачјето на Наново (околу 4 километри северно од селото), но подоцна неговите жители се преселиле во сегашното место. Останале само урнатините од старото село Наново. Археолошките ископувања биле извршени на истото наоѓалиште и се пронајдени реликвии од римско време. За време на средниот век, селото се преселило во сегашното место. Центарот на селото се наоѓал во северниот дел од денешното село, близу до црквата и училиштето.

Османлиско Царство

уреди

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 4 муслимански семејства и 160 христијански семејства[1].

Во 19 век, егзистенција на населението била од земјоделството, сточарството, производство на масло од сусам, трговија со добиток и памук. Во 1870 година црквата „Св. Атанасиј“ (споменик на културата) била изградена. Во 1893 година во селото било отворено основно училиште. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кирново (Kirnovo) е село со 53 семејства и 182 Македонци[2][3]. Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал дека е чифлик на петричанинот Хусни Бег, дека полето е плодородно и дека од Петрич до селото се натува еден час[4].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 700 жители, сите Македонци[2][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 704 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 22 ученици[2][6].

Селото било ослободено од османлиска власт за време на Балканските војни. За време на војните, жителите на селото се вклучиле во четата на Никола Парапанов. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[7].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[2][8]

уреди
Население на Крналово по попис[8]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 954 1242 1470 1680 1773 2040 2005 1897 1728 1.695
Национален состав на населението
од 2011 година[9]:
Националност Жители Процент
Бугари 1686 99,35%
Останати 10 0,59%
Вкупно 1697
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште "Браќа Миладинови"
  • Читалиште "Гоце Делчев"

Културни и природни знаменитости

уреди
  • Храм "Свети Атанасиј Александриски"

Наводи

уреди
  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.587-588.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 31.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 857
  8. 8,0 8,1 „Справка за населението на с. Крналово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  9. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.