Долна Крушица
Долна Крушица — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Долна Крушица | |
---|---|
Местоположба на Долна Крушица во Пиринска Македонија | |
Координати: 41°25′15″N 22°59′9″E / 41.42083°N 22.98583°E | |
Држава | Бугарија |
Област | Благоевград |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 1.459 км2 (563 ми2) |
Надм. вис. | 508 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 177 |
• Густина | 0,12/км2 (0,31/ми2) |
Час. појас | EET |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC) |
Повик. бр. | 074204 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во планински реон, на 26 километри западно од градот Петрич на 5 километри северно од граничниот премин Златарево на јужните падини на Огражден, веднаш до границата со Македонија. Селото се наоѓа на 508 метри надморска височина. Атарот на селото зафаќа простор од 1459 км2. Тоа е едно од 55 села во општина Петрич. Од селото можете да уживате во прекрасниот панорамски поглед на планините Беласица и Огражден. Селото Гега се наоѓа во близина на Долна Крушица.
Во минатото, селото се состоело од две населби - Горна и Долна Крушица. Горна Крушица се наоѓала на 3 километри северно од сегашното село. Постепено Горна Крушица била напуштена. Делови од ѕидови од куќи денес сè уште можат да се видат таму.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Крушица. Во истата година, во селото живееле 1 муслиманско семејство и 78 христијански семејства[1].
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско село кое припаѓало на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крушица (Crouchitza) е наведен како село со 32 семејства и 112 Македонци[2][3].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][5].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од Долна и Горна Крушица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 2010 година била осветена црквата Свети Димитар.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 212 | 269 | 376 | 434 | 413 | 367 | 298 | 235 | 194 | 177 |
Личности
уреди- Миладин Тренчев, член на Македонско-одрински доброволни чети[9]
- Христо Тренчев, член на Македонско-одрински доброволни чети[9]
Наводи
уреди- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 571-573.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855
- ↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Долна Крушица, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ 9,0 9,1 „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 733