Хрсово (Светиврачко)

Хрсово село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Хрсово
Хърсово
Хрсово is located in Бугарија
Хрсово
Хрсово
Местоположба во областа
Хрсово is located in Пиринска Македонија
Хрсово
Местоположба на Хрсово во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°27′N 23°23′E / 41.450° N; 23.383° E / 41.450; 23.383Координати: 41°27′N 23°23′E / 41.450° N; 23.383° E / 41.450; 23.383
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна1.198 км2 (463 ми2)
Надм. вис.&10000000000000301000000301 м
Население (2015)
 • Вкупно200
 • Густина0,17/км2 (0,43/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2819
Повик. бр.074321

Географиja и местоположбаУреди

Селото Хрсово се наоѓа на 22 километри јужно од Свети Врач, во Санданско-петричката котлина во југозападниот дел од планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 301 метри, а релефот е планински. Атарот на селото зафаќа површина од 1.198 км2. Климата е преодна медитеранска со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 520 мм. Низ територијата на селото тече реката Мелник. Во Хрсово се одгледуваат на 1200 хектари лозови насади. Винаријата „Хрсово“ се наоѓа во селото.

ИсториjaУреди

Османлиско ЦцарарствоУреди

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Црквата „Свети Атанасиј“ била изградена во 1860 година и се наоѓа на највисокиот дел од селото. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Големо Хрсово (Golémo Hërsovo) е наведено како село со 87 семејства и 310 Македонци, додека Мало Хрсово (Malo Hërsovo) е наведено како село со 11 семејства и 38 Македонци[1][2].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Хрсово, село на север од Кромидово, до Катунци. Лежи на еден рид 1/2 час до Бистрица и Мелничка Река и од другата страна. Има богати ниви и лозја. Грчка црква и училиште со 14 ученици. 110 куќи, бугарски.[1][3]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 582 жители, сите Македонци[1][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 42 ученици[1][5].

За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано од страна на грчката армија, а 100 куќи биле запалени[6].

БугаријаУреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во 1932 година во селото била основана лозарската кооперација „Мелничка лоза“. Кон 1935 година, таа броела 56 членови[8].

Население[1][9]Уреди

Население на Хрсово по попис[9]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 834 974 889 873 685 498 438 341 245 200
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

ЛичностиУреди

Родени во Хрсово
Починати во Хрсово
Поврзани со Хрсово

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141.
  3. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 24.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  6. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  7. Централен държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.
  8. Списък на кооперативните сдружения, действали през 1935 година, по места, София 1936, с. 4 (не е отбелязана в изданието – околия Петрич)
  9. 9,0 9,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Хърсово , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  11. Петрова, Любима, съставител (2011). Пътеводител по фондовете на Държавен архив – Благоевград (1944–2009) (PDF). София: Държавна агенция „Архиви“, Държавен архив - Благоевград. стр. 479.
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16.
  13. Галчев, Илия (1994). Здравно-социалната дейност на Българската екзархия в Македония и Тракия (1870 - 1913). Юруков. стр. 125.