Сугарево
Сугарево — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Сугарево | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°33′N 23°25′E / 41.550° N; 23.417° EКоординати: 41°33′N 23°25′E / 41.550° N; 23.417° E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 58.075 км2 (22,423 ми2) |
Надм. вис. | 955 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 19 |
• Густина | 0,00.033/км2 (0,00.085/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2820 |
Повик. бр. | 07437 |
Географиja и местоположбаУреди
Селото Сугарево се наоѓа на 30 километри југозападно од Свети Врач во планински регион, во југозападните делови на планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 955 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 58.075 км2. Климата е преодна медитеранска со летни минимални и зимски максимални врнежи. Низ територијата на селото тече Реката Сугаревска, главната притока на реката Мелник.
ИсториjaУреди
Османлиско ЦарствоУреди
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Сугарево (Sougarévo) е наведено како село со 15 семејства и 50 Македонци[1][2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 236 македонски патријаршисти[1][3].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, три лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[4].
БугаријаУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население[1][5]Уреди
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 190 | 217 | 228 | 135 | 100 | 69 | 55 | 20 | 19 | 19 |
![]() |
КултураУреди
Селската црква е посветена на „Свети Илија“. Црквата била изградена во 1856 година од страна на месниот жител Мано Сирманов, којшто сонил сон за да ја изгради. Во голем степен, црквата го задржала својот оригинален облик.Црквата е изградена на раб на една стрмна долина. Крај црквата се наоѓа гробот на Тодор Александров и Панзо Зафиров и гробовите на Симеон Евтимов, Иван Параспуров и Антон Попов. До гробот се стигнува по обележан пат од село Сугарево, и е оддалечено околу 1 километар од селото на северозапад.
Редовни настаниУреди
Традиционалниот собир на селото е на празникот Илинден.
ЛичностиУреди
- Родени
- Ангел Сугарвалијата, деец на ВМОК[7]
- Дино (Динчо) Мицев Сугарски, деец на ВМРО[8]
- Иван Николов Нојков – Ванката, член на Серския револуционерен округ од 1907 година[9]
- Починати
- Панзо Зафиров (1896 – 1924), македонски револуционер
- Тодор Александров (1881 – 1924), македонски револуционер, водач на ВМРО
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 189.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 881
- ↑ 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Сугарево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 1, София, 1933, стр. 160.
- ↑ Пърличев, Кирил (1999). 36 години във ВМРО. Спомени на Кирил Пърличев. София: Веда МЖ. стр. 598.
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр.21