Белевехчево
Белевехчево — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Белевехчево | |
---|---|
Координати: 41°34′N 23°19′E / 41.567° СГШ; 23.317° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 187 км2 (72 ми2) |
Надм. вис. | 364 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 0 |
• Густина | 0,0/км2 (0,0/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2800 |
Повик. бр. | 0746 |
Географија и местоположба
уредиСелото Белевехчево се наоѓа на 4 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Сместено е во западните делови на планината Пирин, на надморска висина од 364 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 187 км2. Се одликува со преодно-средоземна клима, со благи зими и топли, долги лета.
Во последниве години, селото се развива како место каде поранешните жители на селото градат вили поради поволните климатски услови за релаксација. Селото е почетната точка за пешачење до планината Пирин и Националниот парк „Пирин“.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиЦрквата „Свети Ѓорѓи“ датира од средината на XIX век[1]. Од 1865 до 1873 година, во селото работело селско училиште, а учител бил Андон Анастасов[2]. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белевесчево (Bélévestchévo) е е село со 32 семејства и 100 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 340 жители, сите Македонци[3][5].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 88 | 78 | 90 | 16 | 4 | 2 | 3 | 1 | 1 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 405. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ Тасев, Христо (1987). Борба за национална просвета в Мелнишкия край. София: Народна просвета. стр. 30–31.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829
- ↑ 7,0 7,1 „Справка за населението на с. Белевехчево, общ. Сандански, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.