Сенокос (Пиринско)
Сенокос — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 25 жители (2024).
Сенокос | |
---|---|
![]() Црква Св. Димитриј | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°49′N 23°14′E / 41.817°N 23.233°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Симитли |
Површина | |
• Вкупна | 47,084 км2 (18,179 ми2) |
Надм. вис. | 992 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 28 |
• Густина | 0,59/км2 (1,5/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2752 |
Географија и местоположба
уредиСелото Сенокос се наоѓа во северен Пирин и е најблиску до Националниот парк од сите села на општината. Селото е погодна почетна точка за искачување на планината Пирин - најсеверниот алпски врв на планината.
Историја
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Сенокос е наведен како село со 95 домаќинства и 330 Македонци.[1][2] Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Сенокос (Клисе) изнесувало 800 жители Македонци, сите христијани.[1][3]
Во 1901 година Јане Сандански основал комитет на ВМОРО во селото со претседател, благајник и еден или двајца советници.[4] Јануш Чакаров од село Сенокос бил во домашен притвор од Михајловистите бидејќи бил санданист. Во куќата имало дежурен чувар од ВМРО, еднаш Јануш го поканил чуварот на маса да ручаат заедно, но тој бил одбиен, па Чакаров ја грабнал триножната столица и го претепал чуварот, а потоа ам се предадел. Организацијата го уапсила и го испратила во Горна Џумаја кај околискиот гувернер на ВМРО, кој приватно го прашал: „Зошто го сторил тоа Чакаров: „Тој ми доаѓа дома со пушка, тоа го претрпив, но јас го поканив на маса, а тој ме одби и навреди, тоа не го трпев и преболев.“ ВМРО не го убил Јануш и тој се вратил жив и здрав во селото.[5]
Демографија
уредиНа табелата е прикажан бројот на населението во Сенокос за периодот 1934-2011:
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 511 | 528 | 465 | 300 | 121 | 76 | 72 | 74 | 40 |
Етнички состав
уредиБрој и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 35 | 87,50 |
Роми | - | - |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | 5 | 12,50 |
Вкупно | 40 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[6]
Личности
уредиРодени во Сенокос
уреди- Поп Илија, припадник на Воената разузнавачка служба, командант на чета во Горноџумајското востание, се борел кај Србиново на 23 септември 1902 година.[7]
- Сотир Ѓаков — македонски револуционер.
- Милан Ѓаков (1893 – 1960), македонски револуционер, син на Сотир Ѓаков, војвода на ВМРО.
- Јануш Чакаров, македонски револуционер и деец на ВМОРО, четник на Јане Сандански.[8]
Починати во Сенокос
уреди- Андреј Казепов (1878 – 1904), македонски револуционер, Кресненски војвода.
- Петар Грков (1912 – 1948), македонски револуционер, жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.
Поврзано
уреди- Мечкулска Река (Сенокоска Река)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 142 – 143.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
- ↑ „Сайт на с. Сенокос в Пирин планина | Senokos Village in Pirin Mountain - Municipality Simitli - Черква "Св. Димитър" - Сенокос“. web.archive.org. 2017-02-02. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2024-12-17.
- ↑ Радовски, Александър. Комити от Македония. Сборник част 1. Велико Търново, Фабер, 2022. с. 42-43, ISBN 978-619-00-1431-7.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Борис И. Николов, ВМОРО - войводи и ръководители (1893-1934)“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2024-12-17.
- ↑ Радовски, Александър. Комити от Македония. Сборник част 1. Велико Търново, Фабер, 2022. ISBN 978-619-00-1431-7. с. 42.