Дере Мислимсело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Во 1935 година, официјалното име на селото е Лозеница[1].

Дере Мислим
Лозеница
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Дере Мислим is located in Бугарија
Дере Мислим
Дере Мислим
Местоположба во областа
Дере Мислим во рамките на Пиринска Македонија
Дере Мислим
Местоположба на Дере Мислим во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°30′N 23°22′E / 41.500° СГШ; 23.367° ИГД / 41.500; 23.367
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна8.168 км2 (3,154 ми2)
Надм. вис.&10000000000000391000000391 м
Население (2015)
 • Вкупно63
 • Густина0,0.077/км2 (0,020/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2821
Повик. бр.074323

Географија и местоположба

уреди

Селото Дере Мислим се наоѓа на 20 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 391 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8168 км2.

Историја

уреди

Османлиско Царство

уреди

Црквата „Свети Илија“ била изградена во XVII век.[2]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало на Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дере чифлик (Déré-tchiflik) е село со 62 семејства и 210 Македонци[3][4].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Чифлици, село на десниот брег од Мелничка Река, на растојание 1 час од Мелник кон југозапад. Во ова село, освен со земјоделство, се занимаваат и со лозарство, и произведуваат вино со добар квалитет. Куќи 50, само Бугари. Се наоѓа на еден рид над реката.[3][5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 210 жители, сите Македонци[3][6]. Училиштето во селото било отворено од страна на Костадин Точев по наредба на Јане Сандански во куќата на чорбашијата Атанас Белјата, а грчкиот учител бил протеран. Точев на двапати бил затворан и на распит повикуван од страна на мелничкиот кајмакам Ибрахим-бег[7]

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[3][8]

уреди
Население на Дере Мислим по попис[8]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 312 403 378 359 265 177 151 122 83 63
Население по возраст
од 2011 година
[9]:

Личности

уреди
Родени
  • Вангел Андонов (1880 – 1922), македонски деец на ВМОРО[10]
Починати

Галерия

уреди

Наводи

уреди
  1. Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989.
  2. Енциклопедия Пирински край, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 517. ISBN 954-90006-1-3.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 25.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  7. Точев, Богомил (2003). Кратка история на моето родно село Лешница. София: „Илинда - Евтимов“. стр. 51.
  8. 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Лозеница, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  10. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 709.