Добри Лаки

село во Петричко/Мелничко, Пиринска Македонија

Добри Лаки (бугарски: Добри лаки) — село во Петричко/Мелничко, Пиринска Македонија, денес во општината Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Сместено е недалеку од границата со Р Македонија, односно Општина Берово.

Добри Лаки
Добри лаки
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаСтрумјани
Управа
 • КметЕмил Илиев (ОЗ)
Површина
 • Вкупна2.679 км2 (1,034 ми2)
Надм. вис.&100000000000010270000001.027 м
Население (2015)
 • Вкупно158
Пошт. бр.2838
Повик. бр.074347
Рег. таб.Е

Географија

уреди

Селото е сместено во планинско подрачје, во подножјето на Малешевските Планини, во историско-географската област Каршијак. Ова мало и китно селце располага со богата природа. Низ него тече реката Лебница која има големо стопанско значење за местото. Добри Лаки лежи 34 км од општинското седиште Струмјани, а најблиско населено место од бугарска страна е Клепало (7 км).

Историја

уреди

Во XIX век Добри Лаки било помало чисто македонско село, кое прво ѝ припаѓало на Мелничката, а по 1878 г. на Петричката каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрил’к (Dobrilëk) било село во Мелничката каза со 60 домаќинства од 200 жители Македонци.[1][2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 620 Македонци-христијани[1][3].

Во селото работела бугарската пропаганда на духовен и образовен план. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Добролаки (Dobrolaki) имало 784 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија. Во него работело 1 основно бугарско училиште со 1 учител и 27 ученици.[4]

Црквата „Св. Троица“ е завршена во 1913 г.[5]

Личности

уреди
  • Васил Гаврилов Ѓуров (1916 – 1996) — околиски лекар, основоположник на бањското лекување во Пиринска Македонија; исцедувал и блатни подрачја во борба против маларијата во тој дел на Македонија.
  • Георги Тренчов — револуционер од ВМОК, војвода на чета во Петричко за време на Горноџумајското востание[6]
  • Борис Иванов Костадинов (1912 - 1987) — учесник во Битката на Драва (Дравската операција)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. "Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г." Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142 – 143.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 188. ISBN 954430424X.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.186-187.
  5. „Храмове“. Община Струмяни. Посетено на 18 декември 2015.
  6. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 172.