Долна Рибницасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Долна Рибница
Долна Рибница is located in Пиринска Македонија
Долна Рибница
Долна Рибница
Местоположба на Долна Рибница во Пиринска Македонија
Координати: 41°26′53″N 23°5′47″E / 41.44806° СГШ; 23.09639° ИГД / 41.44806; 23.09639
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна24.449 км2 (9,440 ми2)
Надм. вис.&10000000000000613000000613 м
Население (2015)
 • Вкупно348
 • Густина0,014/км2 (0,037/ми2)
Часовен појасEET
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC)
Повик. бр.07427

Географија и местоположба уреди

Долна Рибница се наоѓа во планинска област. Селото се наоѓа на јужните падини на планината Огражден, по течението на Рибничка река. Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа 24,45 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 613 метри. Климата е преодносредоземна, со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 600 мм. Селото е погодна почетна точка за искачување кон врвот Маркови Кладенци (1.523 м), од каде започнува обележана патека до врвот.

Историја уреди

Османлиско Царство уреди

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Рибница. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 20 христијански семејства[1]. Според легендата, името на селото потекнува од поранешните рибници на реката Рибница. Денешното село Долна Рибница на местото каде денеска се наоѓа, било основано во 18 век. Во 1865 година во селото било отворено училиште на грчки јазик. Од 1874 година во училиштето се предавало на бугарски јазик.

 
Гробот на Мануш Георгиев над село Долна Рибница.

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рибница (Ribnitza) е село со 80 семејства и 290 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 750 жители, сите Македонци[2][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1088 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][5].

Селото е познато по тоа што на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка во близина на селото, во борба со турскиот аскер загинал Мануш Георгиев, македонски револуционер. Заедно со него загинале 22 четници и малешевскиот војвода Васил Скендеров.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, шест лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1929 година на местото на битката на един километар северно од селото бил изграден спомен-костурница во спомен на хероите. Денеска, месноста се нарекува Манушов гроб.

Општествени установи уреди

  • Црква "Свети Димитрија" - изградена е во 1871 година во центарот на селото. Прогласена е за споменик на културата.
  • Основно училиште "Св.Св. Кирил и Методиј" - затворено 2008 година.
  • Читалиште "Мануш војвода".
  • Паметен знак на војводата Мануш Георгиев

Редовни настани уреди

Секоја година на 2 август - Илинден по стар стил се одржува традициониот собор на селото.

Личности уреди

 
Мануш Георгиев
  • Мануш Георгиев (1881 - 1908), македонски револуционер;
  • Михаил Вардев (1881 - 1908), македонски револуционер;
  • Стојан Трнаџиев (1886 - 1908), македонски револуционер;
  • Тома Митов (1882 - 1908), македонски револуционер.
  • Костадин Ангелов, член на Македонско-одрински доброволни чети[7]
  • Јанко Стаменов (? – 1908), селски војвода, кој загинал заедно со 22 комити кај селото[8]

Наводи уреди

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 643 – 645.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 875
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 30, 35
  8. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 154.