’Рждак
’Рждак — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
’Рждак | |
---|---|
Координати: 41°24′N 23°15′E / 41.400° СГШ; 23.250° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Надм. вис. | 285 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 264 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2873 |
Повик. бр. | 074207 |
Географија и местоположба
уредиСелото ’Рждак се наоѓа на 3 километри источно од Петрич, на надморска висина од 285 метри во подножјето на планината Беласица. Од бугарско-грчката граница кај село Кулата е оддалечено 14 километри. Селото има редовни автобуски врски со Петрич и Кулата. Климата е променливо-средоземна, со топли и долги лета и со кратки зими.
Историја
уредиИмето на селото потекнува од ’рѓосаната вода што потекнува од нејзините извори. Старото село е сместено на планината Беласица и повеќето куќи датираат од османлиското владеење. Тие се направени од типична тула и слама. По ослободувањето, куќите биле напуштени од Турците кои емигрирале и на нивно место дошле бегалци од Егејска Македонија. Новото село било изградено со масивни куќи како продолжение на старото и далеку од планината Беласица во правец на Петрич.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Денес, селото е електрифицирано, водоснабдено и има изградено комуникациски мрежи. Станбениот фонд е скоро целосно реновиран. Постои кметство, канцеларија на регионалното полициско одделение во Петрич, црква, стадион, продавници и хотел. Исто така, работат приватни компании од областа на услугите за шиење. Тутунот и лозовите насади главно се одгледуваат во областа. Здравствените служби и образовните институции се во општинскиот центар - Петрич.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 209 | 291 | 295 | 289 | 320 | 314 | 321 | 299 | 270 | 264 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Справка за населението на с. Ръждак, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.