Дреново (Петричко)

село во Бугарија

Дреновосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Дреново
Дреново is located in Пиринска Македонија
Дреново
Дреново
Местоположба на Дреново во Пиринска Македонија
Координати: 41°31′0″N 23°10′0″E / 41.51667° СГШ; 23.16667° ИГД / 41.51667; 23.16667
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна9.116 км2 (3,520 ми2)
Надм. вис.&10000000000000895000000895 м
Население (2015)
 • Вкупно109
 • Густина0,012/км2 (0,031/ми2)
Час. појасEET
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC)
Повик. бр.07424

Географија и местоположба

уреди

Село Дреново се наоѓа во источните падини на Огражден на 22 километри северно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 9.116 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 895 метри.

Историја

уреди

За првпат селото под денешното име се споменува во грамотата на Јован Драгаш и Константин Дејанов, која е датирана во околу 1378 година[1].

Османлиско Царство

уреди

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреново. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 84 христијански семејства[2].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и се наоѓало во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г.Дреново (Drianovo) е село со 55 семејства и 190 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][6].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[7].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Наводи

уреди
  1. Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.559-561.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844