Љубовкасело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Љубовка
Любовка
Љубовка is located in Бугарија
Љубовка
Љубовка
Местоположба во областа
Љубовка is located in Пиринска Македонија
Љубовка
Местоположба на Љубовка во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°34′N 23°21′E / 41.567° N; 23.350° E / 41.567; 23.350Координати: 41°34′N 23°21′E / 41.567° N; 23.350° E / 41.567; 23.350
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна11.739 км2 (4,532 ми2)
Надм. вис.&10000000000000748000000748 м
Население (2015)
 • Вкупно30
 • Густина0,0.026/км2 (0,0.066/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2811
Повик. бр.07435

Географиja и местоположбаУреди

Селото Љубовка се наоѓа на 17 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Селото има три маали: горна, средна и долна. Селото се наоѓа на надморска висина од 748 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.739 км2.

ИсториjaУреди

Османлиско ЦарствоУреди

Во 1875 година за свештеник во селото бил поставен Алекса Анастасов, кој завршил грчко училиште во Мелник. Тој на функцијата се задржал и по 1878 година[1]. Црквата Света Недела била изградена во 1885 година. Во 1888 година во приватна куќа било отворено ново училиште[2].

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Либовка (Libovka) се состоело од 75 куќи и 250 Македонци[3][4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Љубовка, село 2 часа на С од Мелник, до Бождово 1 час пат. Куќите му се изградени на неколку ридови. селаните произведуваат и вино. Грчка црква, во која се чита мешано. 65 куќи, само Бугари.[3][5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 520 жители, сите Македонци[3][6].

БугаријаУреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во 1919 година, на иницијатива на Ѓорѓи Менчев (1887 - 1923 година), во селото била формирана организација на БКП, во која членувале Ѓорѓи Тимев, Ѓорѓи Стојанов Тичев и други. На изборите во 1922 година, сите комунистички кандидати биле избрани за општински советници, а Менчев станал градоначалник. Бил воведен прогресивен данок на доход. Официјални лица на ВМРО ги уапсиле комунистичките советници, и по брутално испитување на 10 септември 1922 година, ги убиле во Лопово на Пирин[7].

Население[3][8]Уреди

Население на Љубовка по попис[8]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 326 436 451 282 212 100 68 61 32 30
Население по возраст
од 2011 година
[9]:

Редовни настаниУреди

  • 20 јули – Илинден. Во црквата „Свети Илија“ се собираат жителите на селото.
  • 15 август – Голема Богородица. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се собираат жителите на селото.

ЛичностиУреди

Родени

НаводиУреди

  1. Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 33.
  2. Енциклопедия Пирински край, том Ι. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 521. ISBN 954-90006-1-3.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142 – 143.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  7. Тасев, Славчо (1971). Безсмъртните 1922 - 1944. Биография на загиналите в борбата против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг. София: Издателство на Българската комунистическа партия. стр. 58, 62.
  8. 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Любовка , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 47.