Габрене
Габрене (бугарски: Габрене) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во Општина Петрич, Благоевградската област, западна Бугарија. Ова е најзападното населено место во Пиринска Македонија.
Габрене Габрене | |
---|---|
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Управа | |
• Селски кмет | Дафина Пецева |
Површина | |
• Вкупна | 14,7 км2 (5,7 ми2) |
Надм. вис. | 430 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 777 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2898 |
Повик. бр. | 07428 |
Географија
уредиСелото се наоѓа во полупланински предел во северното подножје на планината Беласица, познато како Подгорие. На помалку од 1 км западно од селото минува државната граница со Република Македонија, а уште толку понатаму е сместено струмичкото село Старо Коњарево во Општина Ново Село. Непосредно над селото во југозападен правец на Беласица се издига историскиот тромеѓен врв Тумба. На 4 км северно од Габрене се наоѓа ГП „Златарево“, сместено на меѓународниот пат Петрич – Струмица. Крај селото тече реката Струмица, која му го оградува атарот од север. Климата во Габрене е преодносредоземноморска.
До Габрене се стасува по патот Петрич – Првомај. Тука ппат се раздвојува на две, но и двата пата водат до селото. Првиот продолжува низ подгорските села и е малку пократок. Вториот оди напоредно на реката Струмица и покрај ГП „Златарево“ и границата со Р Македонија исто така води до селото.
Историја
уредиСелото Габрене е старо и има богата историја. Во атарот се откриени траги од антички и средновековни населби. Непосредно западно до селото во месноста „Сариев Камен“ се наоѓа Стапката на Крали Марко — култен карпест жртвеник, дел од тракиско светилиште од I-IV век. Подоцна мештаните го поврзале местото со епот за Крали Марко.[1] Во месноста „Воена Црква“ (~ 1 км јужно од селото) се зачувани остатоци од средновековна црква. Северно од неа стојат основите на камена градба со трапезовиден облик, веројатно дел од тврдина која служела како стража.[2]
Селото се споменува во османлиски записници од 1570 и 1664-1665 г. под името Габрани. Според податоците од првиот записник, во селото живееле 127 македонски-христијански[3] и 2 муслимански домаќинства,[4] а според вториот, има 43 христијански домаќинства.
Во XIX век населението на селото се занимавало со земјоделство (пченка, овес, ориз, сусам, афион, памук и др.), свилена буба и сточарство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Габрене (Gabrené) е посочено како село со 32 домаќинства со 120 жители, сите Македонци.[3][5] Во 1885 г. е отворено основно училиште. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Габрене живеат 450 жители, од кои 400 Македонци-христијани[3] и 50 Турци.[6] Сите Македонци-христијани потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Габрене живееле 360 Македонци.[3][7]
Габрене е ослободено од отоманската власт во Првата балканска војна во октомври 1912 г. Во 1913 г. во Втората балканска војна селото е заземено и запалено од грчката војска.[8] Водно грчките единици убиле 29 селани, вклучувајќи и бебиња. На влезот од селото има споменик на настраданите.
Религии
уредиСелото е православно. Во него се наоѓа црквата „Св. Петка“ со убав двор и голема чешма. Тука се одбележуваат сите празници и имендени. На 1, 2 и 3 јануари има кукерски игри – станчинари или џамалари. Селската слава е на летен Петковден (крајот на јули). На сретселото се приредува борење, пиво и скара.
Општествени установи
уредиСелото има управно здание, каде е сместен кметот, селската амбуланта и поштата. Во истата зграда има и интернет-кафе. Во близина има продавнички и кафанчиња.
Личности
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Откриха стъпката на Крали Марко край петричкото село Габрене“. Архивирано од изворникот на 2014-02-03. Посетено на 2018-01-08.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 183.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 522–525
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148–149.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.187
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 186–187
- ↑ Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.