Сатовча
Сатовча — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, и административен центар на општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Сатовча | |
---|---|
Координати: 41°37′N 23°59′E / 41.617° СГШ; 23.983° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Сатовча |
Површина | |
• Вкупна | 55,373 км2 (21,380 ми2) |
Надм. вис. | 1.029 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 1.920 |
• Густина | 0,035/км2 (0,090/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2950 |
Повик. бр. | 07541 |
Географија и местоположба
уредиСелото Сатовча се наоѓа на 27 километри североисточно од Хаџидимово и на 30 километри источно од Неврокоп. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 1029 метри, во историско-географската област Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 55.373 км2.
Историја
уредиРана и средновековна историја
уредиГолем број на антички некрополи и остатоци од античка и средновековна населба биле пронајдени околу селото и истите денес се прогласени за споменици на културата. Некропола од доцниот среден век е истражена во областа на Жидово. Пронајдени се материјали од римската ера и раниот среден век.
Во летото 1977 година, во близина на селото била пронајдена ризница од сребрени западноевропски и турски монети. Повеќето од монетите се ковани, што укажува дека тие биле наменети за накит. На монетите е пронајден и бакарен ѓердан[1].
Според легендата, Сатовча постоела пред падот на Македонија под османлиска власт под името Сватовица или Сатовица. Во околните области Крът, Жидово, Трапи, Мисалково, Скрибина, Радеви ливади и Грамада имало мали населени места. Мештаните се населиле во денешното село за поголема безбедност.
Името на селото веројатно потекнува од зборот суд (пчелна пита со мед) или од личното име Сато.
Османлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски извори уште од втората половина на XV век. во список на селата и бројот на немуслимански семејства во вилаетот Неврокоп од 13 мај 1660 година селото Сатовча (Сатовиче) е село, во кое живееле 60 немуслимански семејства.[2]
Во 1839 година, рускиот монах Партениј (Питер Агеев) поминал низ селото Сатовча, забележувајќи дека неговото име е „Сатовчу“ и неговото население е муслиманско, но зборувало бугарски јазик[3].[4] Во 1844 година била изградена црквата „Света Недела“, која денес е споменик на културата. Во 1873 г. било отворено првото црковно училиште, а во 1893 г. – егзархиско училиште.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сатофча (Satofcha) е село со 125 семејства и 200 Помаци и 180 Македонци[5] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал дека во селото имало 45 македонски и 80 турски куќи.[3][6]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Сатовче, на СИ од Неврокоп на 4 ч. Лежи во самиот Доспат. Околност шумска. Жителите се поголемиот дел дрводелци. Во црквата се пее на словенски. 130 куќи, 90 Турци и 500 Македонци.[3][7]
На 11 мај 1892 година за првпат во селото бил празнуван денот на Св. Кирил и Методиј. Во 1895 година бил основан комитет на ВМОРО.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото живееле 650 Македонци и 832 македонски муслимани[9] во 200 помачки и 120 христијански куќи.[10] Според податоците на пописот за годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението во Сатовча било соодветно 1502, 1417, 1613 и 1787 души.[11]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население
уредиГодина | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 1417 | 1613 | 1787 | 2076 | 2231 | 2269 | 2405 | 2350 | 1944 | 1920 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 1334 | 82,6% |
Турци | 26 | 1,61% |
Роми | 176 | 10,9% |
Останати | 10 | 0,62% |
Неопределени | 69 | 4,27% |
Вкупно | 1615 |
Религија
уредиМнозинството од населението на Сатовча (2/3) го практикува исламот. Во селото има џамија. Православните христијани сочинуваат 1/3 од населението во селото, а има и една православна црква, Света недела. Во последниве години, ромското население постепено паѓа под влијание на Евангелската протестантска црква. Во 2009 година, била изградена евангелска црква во циганската населба.
Општествени установи
уреди- СУ „Св. Кирил и Методиј“
- Државно шумско стопанство „Дикчан“
- Полициска служба
Редовни настани
уредиПразник на селото – 6 мај.
Личности
уреди- Родени во Сатовча
- Георги Шомов (1880 - 1923), деец на БЗНС.
- Иван Попов – автор на книгата „Сатовчанските камбани“.
- Илија Терзиев – учител по музика
- Мехмед Бехчет Перим (1896-1965) - новинар и писател.
- Петар Тодоров Селачки – учител, поет, писател и општественик
- Лазар Божинов – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
- Иван Мавродиев – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
- Георги Мутафчиев – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
- Георги Томов – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
Литература
уреди- Попов, Иван. Сатовчанските камбани. София: Св. Климент Охридски. ISBN 954-0712-55-6. Второ допълнено издание. Янита ЯС, Казанлък, 2010. ISBN 978-954-343-069-7.
- Народни песни от Долен и Сатовча. Сборник. Съставител и редактор Лъчезар Селяшки. Илия Терзиев предговор. Благоевград. ISBN 954-8653-14-1.
- Stiftung FVS. Verleihung des Europa-Preises für Volkskunst 1988 an die Musikkapelle und Volkstanzgruppe Algund (Südtirol) und die Frauen-Gesangsgruppe Satovcha (Bulgarien) (германски). Hamburg.
Наводи
уреди- ↑ Юрукова, Й. (1981). „Открити монети“. Археология. 1–2: 130. ISSN 0324-1203.
- ↑ Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 294. ISBN 954-9800-14-8.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 15–16. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 11.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 236. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_21.htm На
|chapterurl=
му недостасува наслов (help). Македония. Етнография и статистика. Неврокопска Каза (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 195. - ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. http://www.promacedonia.org/vk_1/vk1_a_19.html На
|chapterurl=
му недостасува наслов (help). Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. Неврокопската каза. София: Наука и изкуство. стр. 274. - ↑ Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 338.